Некој ако ја чува во пдф верзија, знам нас така ни ја даде. А би требало да има и во копирниците, таму можеш да прашаш.
@Bananki023 ги има изгледа проф. на тимс ставено, а ги има и на гугл ако побараш. И од прашања може да се паднат, ама не многу. Во јануарска сесија се паѓаа некои од прашања, некои од книга (ама не бара од книга детални и логички работи, само основното), и есејското знам дека беше истото од прерходните што се паѓале.
Колеги дали кај проф. Зафирова по биостатистика е доволно да се учи од документот со скратен материјал? И дали само со есејски прашања е тестот или има и со заокружување и слично? Ви благодарам.
И јас кај нејзе имам полагано пато1, еден од поубавите испити лабаво, е сега си бара нормално да си знаеш, ако врска немаш и не знаеш основни работи нема да положиш. Има студенти што одат со 5 дена учено тешки предмети, а предметов треба да го учиш минимум месец дена и кога ќе го прашаш како помина, одма многу детали прашуваше . Кажи си искрено барем дека веза немаше .
Искуства завршен медицинска хемија кај проф. Лабудовиќ? Како испрашува, што најмногу испрашува, на што да се обрне најмногу внимание? Ви благодарам многу однапред
Испрашува од целиот материјал за завршен испит, нас не ни бараше формули да пишуваме бидејки бевме онлајн, но прекрасна е професорката , смирена..
Добро што е ова со вадењето на списоци? Не знам дали сум единствена, но многу ме нервира, по повеќе предмети се случува, еден професор пушта список во еден ден друг по два, трет по пет за ист предмет, па сесија е сите си имаме планови, не е фер едни да дознаат седмица пред полагање, а други ден пред испит и кога ќе дојде да побараш да се одложи некој испит, одговорот ќе биде па вие сте студенти требало да си научите до сега....
Баш то шо го зборав, хаос е. Секој си прави шо сака, никакви правила и обврски. Навистина не е фер едни да полагаат веднаш нареден ден по истакнување списоци, а други по 2 недели.
Еве микро пример кажано ни е дека полагањето ќе е следнава недела, а само една професорка има пуштено список дека се полага во вторник и четврток кај неа, а другиве студенти не знаеме ни кога полагаме, не само каде... (а полагаме и други предмети следнава недела )..
Микро во наша генерација секогаш списоци имаше од сите проф истовремено, секретарката ги праќаше на координаторот. Прво разбираш каде полгаш, потоа кога, дека на самите списоци кај секој проф ќе има ден и термин за секој посебно.