Здраво, да ве прашам дали може средно оптичар да се запише на медицински факултет, или на било што што е поврзано со медицинатта?
Се ти зависи од предметите кои си ги полагал на матура, дали се соодветни или не, заради поените кои ги носат
Па не знам дали имаат такви предмети, зашто тоа е лични услуги, не знам што учат зашто прва година ќе бидам сега, затоа и прашувам
Дали од Анализа на случаеви од имунологијата доволно е да се знае да се каже само за состојбата како настанува и зошто или го бараат и делот од Дискусија и прашања?
Што мислите дали годинава ќе има голема конкуренција на ОМ во Скопје? Јас како што слушам, повеќето што се заинтересирани за медицина ќе одат во Штип, бидејќи се свесни дека лани последниот примен во Скопје беше со 97,нешто поени, па Штип им е посигурна опција.
Рано ти е, зависи кој концепт на матура ќе полагате, ќе пишам како моменталниот од 2021 што е. За медицински комбинација е, прв екстерен македонски, втор математика или англиски, два интерни хемија или биологија или физика или стручен предмет од здравствена струка. Секогаш имало, има и ќе има. Тие со 90тина поени најчесто одат директно Штип, другите што имаат 99-95 сите ќе си ја пробаат среќата Скопје. На крај доста ризикуваат, иако претходно викаат посигурна опција Штип.
Ако не сум грешка, мислам дека лани во август сесијата, кога полагав, баш беа прашањата од тој дел. Имавме лист на кој што ни пишуваше една вежба и еден случај, и за случајот имаше напишани (не се сеќавам дали едно, или повеќе) прашања од делот за прашања, баш од нив, истите. Асистентот што мене ме испрашуваше, сепак не ме испраша по тие прашања, општо ме праша за болеста, ама другите можеби тие ги прашуваа.
Мене повеќе ме прашуваше од делот екологија, само две прашања од храна ми постави. Не замара нешто премногу, може да искоментира само, ама океј е
Како се одвива практичниот испит по патофизиологија (конкретно специјална патофизиологија или патофизиологија 2 за ОМ) имам уште 3 дена да го спремам ама некако многу вежби се. Дали ги интересира епрувети , милилитри , стаорци такви работи или повеќе да обрнам внимание на теоретскиот дел од вежбата и интерпретацијата пошто многу има а нема шанси се да научам убаво (многу време ми одзема теоријата , сите системи наеднаш ги полагаме).
Мислам никој не навлегува толку во детали на патофиза, да знаеш да ја објаснеш како се изведува и што се добива и секако теоријата поврзана
По мое искуство не се битни такви детали од вежбата. За вежбата дали три минути зборев, побитно и беше на проф теоријата.
Совет од мене, и да имаш било каква четворка од успех или матура, т.е. ако имаш помалку од 97.5 бодови вкупно, подобро не ризикувај и запиши се на УГД, од причина што секоја година има многу пријавени и голема конкуренција на УКИМ, секоја година е се пострашен приемот на УКИМ и заради тоа многу од студентите лани (околу 300) не се запишаа на УКИМ, не се запишаа и на УГД затоа што и таму се пополнува одма во прв рок, и немаа ни места да се запишат и на сродните струки. И плус да не ви биде криво со 95/6/7 бодови да не влезете ни во Штип заради ризик во Скопје, а некои со 60 бодови да влезат на УГД, а и со по 85+ да влегуваат во државна квота па и некогаш со стипендија.