Дали за усно Имунологија треба молекуларни методи за ХЛА типизација (SSOP, RLS, SBT..)? Бидејќи на вежби во нашата група беше објаснето само за серолошкиот метод.
I ako znae nekoja da mi kaze od preosetlivost tip 1 od praktikum sto potocno treba? Dali treba site unicap da se znaat ili kako?
Здраво, Најпрво би бил среќен ако некој има во план да се запише на медицински факултет за да се консултираме меѓусебе. За оние кои веќе студираат, би ве прашал во врска со уписот. На кој начин и како се одвива процесот и дали било исто како и годинава. Видов дека најпрво е потребно да се регистрирам на iknow, но не е наведено до кој датум треба да се регистрира најкасно. Дали треба документите да се однесат физички во просториите на факултетот (како што разбрав според конкурсот) или пријавите се електронски а откако ќе бидеш примен треба да се однесат документите. Споделете искуства, благодарам однапред.
Минатата година регистрирањето на iknow беше се до датумот на испраќање на документите по меил, тогаш беше 31 август, затоа што бројот кој iknow ти го дава требаше да се наведе во subject. Потоа, прво излегоа прелиминарни листи, па после ден-два конечни официјални, и имаа наведено дати кога треба да се оди на факултет со тие документи што си ги испратил по меил и плус индекс и уште некој образец. Ако имам заборавено нешто нека дополни некој
Здраво, Дали е запознаен некој во кои точно држави е признаен Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип
Прашувам за колешка, нема профил на форумов, а нема од каде да се информира за искуства па ме замоли да прашам дали доц. Костовска бара реакции за завршен мед.хемија? Ви благодарам однапред
Девојки, дали има многу Албанци кои се запишуваат на општа медицина на УКИМ (низ годиниве наназад)? Прашувам за пријателка која има план на национална да влезе. Фала ви многу
Јас полагав лани и еве нека остане тука едно позитивно мислење за професорот, пошто знам дека ретко кој поминал убаво на испит. Професорот бара од книга да знаеш, со презентации тешко се положува, претежно го бара учебникот екологија. Ќе ти постави една тема од екологија и едно кратко прашање од исхрана книгата преку потпрашања ќе те испраша за се што има во таа тема. Ако имаш научено убаво, воопшто не е тежок испитот и професорот е коректен и става и убави оценки ако види дека знаеш. Исто така, можеш слободно да поврзуваш и работи од биохемија , особено во делот за исхрана со градба на протеини, липиди, ЈХ, ептен е задоволен кога ќе види дека имаш знаење и од други предмети. Јас го спремав испитот од двете книги и искрено супер поминав, и од испитот и од оценката сум многу задоволна. Тоа никој не го прашува, како што пишале погоре колегите, најбитно им е толкување на резултатите и обавезно теорија да си повоториш, бидејќи прашуваат сите прашања од колоквиуми поврзани со вежбата.
За одредување циркулирачки ИгЕ, за поткожен (кратко во некоја реченица е напишано впрактикум) а за UniCap не сум сигурна но мислам дека треба. А за автоимунитет која вежба треба поточно? Освен секако СЛЕ од случаевите.
Не е баш ок да прашваш тука сепак е јавен форум, можеби некој ќе прочита, и претходно беше пишувано за ова