Некои совети за усен испит по Физиологија 2? Освен практичните вежби, што да се повтори повеќе од колоквиумите? Ви благодарам.
Колеги кои што поминале низ стресови од условни ..Дали би требало да ме загрижува дека имам оставено патологија2 за септември , и дали професорите се тогаш построги ?
Не треба да те загрижува, ќе го положиш, има време да се спреми, подобро да си порелаксиран, така подобро се спрема испит отколку цело лето да го поминиш со стрес
Ни една диплома која е добиена во мк не се важи надвор од границите ? А што се полага како дополнителн за да важи дипломата надвор од границите?
Од подобри држави дипломите не важат секаде, не па од Македонија. Медицинските струки обавезно бараат дополнително полагање предмети. Колку - зависи од државата во која сакаш да се преселиш. Секоја држава различни правила, дури и две земји да се во Европска Унија, пак можат да имаат различни правила за тоа колку треба да доземеш.
Здраво, учам фармација 1. година во Скопје, и сакам да се префрлам на Медицина. Дали за префрлување требаат врски исто како и за запишување, или само со молба до деканат би средила? Благодарам однапред.
За запишување не требаше врски само според просек се примаа. А, ако веќе имаш врски можеш да си ги прашаш директно
Можиш да се префрлиш, не ти требат врски, и за запишвање не требат одат според бодовите, е сега како стигнале да имаат 99,9 бодови некој со учење другите знајме како
Леле, на другарка ми никој не ѝ кажа и не ја извести. Таа пак чека да и каже координаторот датум, каков е тој координатор што не ги известува своите колеги? Има ли малку човечко во него?
А другарка ти да е малку поажурна? Прво датумите на кои се полагаше радиологија беа дадени во распоредот. Второ координаторот си е човечен и навремено извести за полагањето, се беше многу легитимно пренесено. Трето ако била толку заинтересирана за полагање можела да праша координатор или било кој колега, секој би и одговорил, а не сега да прашува кога веќе уште само некое усно полагање по одредени предмети е останато.
Здраво, дали некој од вас може да ми каже дали после 3-та година по општа медицина можам да се префрлам на Медицинскиот факултет во Скопје од Медицинскиот факултет во Тетово?
Toa e kako da prasas moze li posle 3 godini odigrani vo Rabotnicki da prodolzam da igram vo Barselona. Mala sala ali sepak mislam deka e nevozmozno osven ako nemas debeli vrski .