Во вториот рок испрашуваа 8 професори, од кои 6 испрашуваа на 1ви, една порфесорка на 5ти, а друга на 6ти, поради тоа што биле зафатени на 1ви. Списокот беше даден од катедрата, кој кај кого и кога полага, не правевме ние избор дали сакаме 1ви, 5ти или 6ти.
Знам ама баш другарка ми требало да полага на 6ти и не ја известил координаторот. Девојката го спремаше испитот за услов и е. За срамота. Сите знаеме колку малку рокови имаме за полагање.
Така е вие не правите избор. Но мене ме интересира зошто не се известуваат некои колеги само тоа. Каде е колегијалноста, каде е човечноста, на сите ни се изгубила изгледа. Инаку другарка ми со спремен испит и положен прелиминарен тест не отиде на испит само затоа што во групата не беше објавен датумот. Толку.
Да да, координаторот не известил, повели слика. Па сега сама види дали координаторот е недоговорен или другарка ти (ака ти). Координаторот не е должен да ги известува сите студенти поединечно, затоа постојат Фејсбук групите и целата коминикација оди преку нив, каде навремено секој список и секоја информација е споделена. Не барај вина во човек кој нема вина, барај ја во тој што не се заинтересирал цела сесија кога ќе се полага. Ако толку и бил спремен испитот ќе прашала некој што се случува и зошто нема ништо, ама изгледа неа и одговарало да не полага. За тестот како знаела кога се полага, сега одеднаш само за усното нема информации. Пренеси и за август да прати во групите, да не го испушти и тоа полагање, да не префрламе вина повторно на координатори.
Јас дипломирав од поодамна и среќно работам, јас кога учев немаше вакви глумажи. Сигурна сум и со свои очи видов дека таа не го доби" фајлот "со кој сега ти се расфрлаш бранејќи го координаторот (ака ти),
Мене не ми е јасно како некои студенти се дојдени до трета година, и се уште немаат сфатено дека на факултетов за да успееш, мораш сѐ сам да бараш, да прашуваш, да се туркаш, и дека нема на кого да се ослониш, освен на самиот себе. Дали треба, или не треба да е така е друга тема, ама факт е дека ако чекаш на некого да те извести нешто или да ти помогне, ќе си се зафркнеш самиот себе. Колку толку, преку координаторите, добиваме полесно информации, но пак, на крајот е на нас дали ќе пратиме секојдневно што се објавува во групите, дали ќе се запишеме на список, и ако нешто не ни е јасно, дали ќе прашаме координатор/секретар/професор.
Срцка убава сигурно се си знаеш како треба. Браво за тебе. Немам намера сега да то докажувам и тебе но и ти сигурно со труд си стигнала до таму каде што си. Јас се ова што го пишувам е точно и вистинито затоа и пишувам. А на тебе и другарката со која разговарам немам намера да ви објаснувам затоа што и јас и вие знаете како се стига до трета година. Само ве молам не глумете дека јас не сум во право или дека некој е неодговорен, неажурен прелетал во трета година бла бла... Не би си трошела време да се расправам со вас ако не сум сигурна во тоа што го велам. Оставете финти со фајлови
Какви финти? И јас полагав радиологија оваа сесија во првиот рок, а знам колеги што полагаа во вториот рок. Уредно си беа објавени информации и списоци како и секогаш. Еве го постот и списокот, објавен во групата од трета година, јавно и за сите, уште на 7ми јуни. Тоа што другарката не ја видела објавата, не е проблем на координаторот.
Да бидиме реални за полагање се е објавено во групите, тоа што се прави хаос со толку многу списоци, па еднаш запишување, па после уште еднаш е друга работа. Секој треба да прати што се објавува, да следи до кога е запишувањето. Не е координаторот крив што некој испуштил нешто. Не гледам зошто некој би скрил датум за полагање. Затоа секој ден се проверува што е постирано, и секако дали си запишан, затоа што можи некој на грешка да те избриши, ова е на секој од нас работа, а координаторите мислам дека максимално се вложија со списоците...
главна причина зошто не ме примија во Скопје е тоа што не беа во право тие што ја проверуваа државната матура. Што мислите ако се префрлив после втората година?
Женска влези во трета година групата и види сама што како се објавува и дека сите списоци се ставени на време и за сите. Или не знам може координаторите треба на домашна адреса да ни праќаат покани за полагање.
Не знам дали после 3та можеш да се префрлиш, треба да прашаш во деканат. Знам колеги што се префрлија после прва, ама пак беа прва година, која е причината не знам, а знам и колеги што се префрлија после втора, па еве се трета сега. Е сега дали нешто врски се замешани или не, не можам да знам. Затоа најдобро да си прашаш и да добиеш сигурни информации.
Мислам дека не е наша работа да осудуваме кој каде се запишал и зошто таму. @Valon01 побара мислење, ако некој знае некоја информација, се префрлил нека сподели. Пред да критикувате малку размислете, сепак сите сме колеги без разлика на кој универзитет сме. И Скопје има колеги што учат и врскаџии. Сегде има секакви. И намалете со предрасудите затоа што утре ќе работите со колеги и од Штип и од Тетово и од Скопје.