@christinnn Изумив да кажам дека последниве години има трансфери од Штип Скопје, после прва година, не премногу студенти, ама има, испитите им ги признаваат. Нема врска тоа, не значат 5ките, туку процентите, пак има 5ки со високи проценти тие си стојат, плус се овие со ниски проценти. Високи поени ќе имаат тие со високи проценти, 5ките со ниски проценти нема да значат.
Пак ќе кажам нема врска тоа, бројот на 5ки со високи проценти си стои, само сега имаш плус 5ки со пониски проценти. Пример (лупам бројки за попросто да објаснам), ако лани (според тоа ти што пиша за перцентили) имало 3000 5ки до 89 перцентили, годинава имаш 5000 5ки до 70 перцентили, тој пораст од 2000 ти е во ранг од 89-70 перцентили. Бројот на јаки 5ки останува, се зголемува бројот на слаби 5ки, за да се покаже демек подобри резултати на матура, повеќе 5ки.
Најискрен совет нека не пробва Скопје затоа што ќе си го пропушти Штип, таму нека се запиши, па после ако сака можи да се префрли. Многу деца лани извисија не се запишаја ни Штип затоа што уште првиот рок се се пополни
Здрави дечки, за уписите за Скопје претходната гофина се земале во предвид дополнителни критериуми (сертификати, дипломи...), дали може некој детално да објасни повеќе за ова и кои ми се шансите со 98,12 поени? Благодарам
Пред две години се земаа во предвид сертификати зашто немаше матура а потребен беше дополнителен критериум за рангирање. Останатите години само среден успех + матура.
Не, не се земаат во предвид, се земаја годината кога не се полагаше матура, лани последен беше со 97,4 поени така да мислам дека имаш шанса да влезиш во приватна квота, но сепак не знаеме ние тука колкава ќе биди конкуренцијата
Баш прашувам зошто знам деца шо пуштале документи и странство и тука на овдешните факултети и затоа не ми е јасно.
Јас Словенија кога аплицирав се аплицираше порано. Од документи, само дипломата ми беше во оригинална форма пратена и им пишав мејл ако може што е можно порано да ми ја вратат и така навреме ми стигна и потоа аплицирав Скопје. Сега не знам како е.
Moze nekoj da mi kaze kolku studenti se primaat na medicinski fakultet Stip i po klk luge vo sekoja kvota ?