Јас се регистрирав но уште не сум се пријавила. Ја пополнив али не ја пратив, мислев таму за 2 недели да ја пратам
Имам едно прашање. На 30 и 31ви покрај тоа што треба да се испрати пријавата на маил, ќе се одржи пријавувањето и со физичко присуство? Дека на страната на медицинскиот факултет им пишува дека пријавите ќе се вршат во просториите на факултетот. Исто така на конкурсот пишува треба маил да се испрати откако ќе се пополни пријавата на iknow. Гледам на економски факултет имаат дадено маил, овие од медицински имаат истакнато некаде? Најверојатно рано прашувам али сакам да се упатам.
Колку што разбрав електронски е пријавувањето т.е. сите документи ги праќаме електронски (како слики на iknow) и откако ќе ги пратиме нѝ стигнува повратен маил дека сме пријавени. Доколку те прифатат тек тогаш ги носиме документите во факултетот.
Ако добро се сеќавам, лани ние прво се пријавивме онлајн и тие што беа примени ги носеа документите на факултет
Мене па ми кажаа дека пред 4 години се пријавувале и онлајн и ги носеле таму. Мислам најубаво да се праша бидејќи вака сите различно разбираме а искрено не е убаво напишано. Еве истакнале дека треба да се однесат таму, ама за пред тоа на кој маил како кога - ништо.
Да, пред короната на сите факултети се пријавувавме онлајн, па на датумите дадени ги носевме на факултет, па вадеа листи, па пак одевме да се запишиме. Во 2020 и 2021 пријавувањето си остана онлајн, а документите носење ги префрлија онлајн така што се праќаа на мејл и плус во пријавата се прикачуваа. А по листите, само примените носеа таму документи и се запишуваа. Сега по напишаново изгледа се враќаат како пред короната онлајн пријава, а документи таму носење. И не споредувајте други факултети, универзитети, лани, порано, секогаш може нешто да е различно, затоа што секој факултет си прави како што си сака. Затоа најдобро да си прашате.
Здраво, сакам да се запишам како вонреден студент на медицински факултет-медицинско лабораториска дијагностика, меѓутоа сега прочитав дека треба да извадам лекарско уверение дека од оправдани причини не сум во можност да студирам како редовен студент, дали е тоа нешто ново или од секогаш е така, ако знаете да ми кажете и дали е строго или дозволуваат и без "некоја причина" да се запишува? Ви благодарам
Дали некој Биохемија 2 на усно бил прашан за Метаболизам протеини? Поради прераниот датум на испитот, се сомневам дека ќе стигнам истиот да го повторам, па доколку некој има совет на што треба повеќе да му се обрне внимание. Фала ви однапред
Да сите проф мислам дека прашуваат едно прашање од таму, знам деца што паднаа заради метаболизам на протеини. Види прашај кај проф што си кои најмногу ги прашуваат тие да ги повториш барем.
Јас замарам со ова извинете али мене стварно не ми е јасно... денес бев да ја купам таа пријавата што треба од книжара да се купи и нели на iknow има пример како треба да изгледа, сега сум збунета зашто изгледаат различно? Ова второво е сосема нешто ново што треба да се купи или?
Во ред си е. Тоа од iknow ископирај го и однеси го така, ова рачно пополни го и готово, тие се документите. Инаку да ,точно, не изгледаат сосем идентично, но во ред си е.
Се од iknow ископирав што ги пишуваше на последната страна, тие ми беа автоматски пополнети. Мислиш да го ископирам и она второто што го пратив од iknow или нема потреба бидејќи го купив веќе?
Здраво, сакам да прашам дали некој знае кога е уписот за постипломски- клинички логопед и дали задолжително мора да се оди на пракса во Заводот за да се запишеш? Ви благодарам.