Од оваа година нема префрлување од дентална медицина на општа медицина на угд.Така да и оваа варијанта повеќе не постои во случај да сте одбиени од Скопје.Па ако не сте 100 проценти сигурни дека ќе ве примат,мој совет не пробувајте таму.
Може ли некој од вас кој е запишан на УГД Општа Медицина да ми пише приватна за некоја информација? Фала однапред ❤️
Не студирам Штип али сигурно е исто како Скопје, по сите предмети има вежби така да скоро цела недела е со вежби зависно како се распоредени, дали комбинирано со предавања....
Здраво, дали би можел некој да ми каже што ако не се положат анат1 и 2 во септември, каде поточно е она губење година, и кои предмети не би можеле да се слушаат во втора година? Исто така, доколку ни се положени некои од колоквиумите анат1/2, но не и испитот, до кога ни важат истите? И од што зависи дали како презапишувачи посетуваме вежби и предавања, или не? Благодарам многу однапред на одговорот.
Колоквиумите анатомија 1 важат до септември, а анатомија 2 до јануари. Ако не положиш анат1/2 (и МиФ и хисто1) во оваа сесија, не смееш да слушаш и полагаш анатомија 3 и физиологија 1 , кои ти се услов за други предмети понатаму, кои што мораш да ги положиш за да можеш да запишеш 4та година. Логично, ако не можеш да ги слушаш тие одредени предмети, не можеш ни да ги полагаш и положиш, па затоа, нема да можеш во рок да запишеш 4та година. Се квадрира трета година, со цел, доколку ги положиш анатомија 1 и 2 во јануари (следна сесија фактички), да можеш потоа да слушаш и положиш анатомија 3 и физио, и потоа во квадрираната година, да можеш да слушаш патологија, клиничко испитување итн. (кои ти се условни за 4та год.) Како презапишувач, мислам дека не е задолжително повторно да одиш на вежби, ама не сум сигурна.
Здраво феминки, сакам да ве прашам за дополнителната квота за малцинства т.е други националности, дали тие добиваат повеќе поени или имаат некоја предност при упис ?
Посебна ранг листа се, не добиваат повеќе поени, технички доаѓаат плус одредена бројка на студенти надвор од тие што се примаат
Здраво, дали некој може да ми каже каде се наоѓа Студентска поликлиника на медицински факултет, каде што можам да извадам лекарско уверение за вонредно студирање?
Здраво колеги, дали некој полагал хигиена кај проф. Игор Спировски да ми пише на приватен или да сподели искуство во однос на насоки што е побитно за учење бидејќи учебниците се преобемни..
Оваа година им го важеа, ама регуларно мислам дека не важи, така што, не значи дека ќе важи и понатаму.
Здраво, дали има тука некој кој што е запишан на тригодишни студии - радиолошки технолог? Имам неколку прашања бидејќи се мислам помеѓу медицинска сестра или рад. технолог па ме интересира.