Здраво стигнаа резултатите од уписот на прв круг и мојот е негативен. Конкурирав во државна квота на смерот за медицински сестри и техничари. Дали сега ќе можам да продолжам да конкурирам на вториот круг и свесна дека ќе биде со кофинансирање, но јас кога бев да запишам се потпишав дека не се согласувам со кофинансирање и дека конкурирам само во државна квота. Дали ќе има можност да пробам повторно на втор круг. Ако може ве молам по детален одговор и ви благодарам.
Ако е пополнет бројот во прв круг, нема да можеш повторно да конкурираш на тој смер. Можеш да конкурираш на некој друг, каде што бројот не бил пополнет.
Среќно на сите што се запишавте, golden advice-факултетот секој го врви различно, дајте максимум во вашите можности и гледајте само пред себе-не се споредувајте со никој
Еден практикум имаш, и анализа на случај. Пред да влезеш да полагаш, влечеш кај кој проф и ас ќе полагаш, а потоа влечеш ливче со вежба и случај. За теоријата не влечевме, проф рандом не прашуваше.
Дали некој знае овие 1000 ден на која сметка треба да се уплатат? Дали истата сметка на која ги уплаќаме тие 750 ден за ИКСА или на сметката за плаќање семестар? Се јавив на факултетот да прашам и ме пренасочија на друг број и неколку пати се јавив никој не се јавува
Дали знае некој отприлика кои се книги и практикуми ни требаат за 3 семестар и колку коштаат во копирниците истите?
Анатомија книга треба само Физио зависи од што ќе учиш, има скрипта и Гајтон, и практикум секако ама тој од книжарата од факс Биостатистика обично од презентации се учи ама ако сакаш земи си и книга, плус оргинал практикум од книжарата Биохемија Џекова што веќе ја имате и оргинал практикум Имуно исто како физио, зависи од што учиш, има Кјуби и скрипта, а плус ти треба анализа на случај и практикум што не мора да се оргинал
Во врска со iknow профилот, како оди процедурата? Ќе треба да правиме нов, ќе ни дадат податоци од факултетот или..?
Дали во јсп би ни ја продолжиле картичката ако имаме малку предмети во индекс запишани или празен семестар? Зошто сепак сме редовни студенти и не сме ни последна година од факултетот. Имал некој вакво искуство некое?
So potvrda sekako ke ti prodolzat, ako ne pisi nekoj predmet tamu pa so korektor izbrisi, deka zenive so rabotat tamu mnogu znat da se zanesuvat a ne deka imat aber od nestoto. Jsp besplatno sleduva na sekoj redoven student
Што се случува кога немаш положено услови за следен семестар?Треба да го платиш и може да се слуша нешто или не?
Можеш да ги слушаш тие предмети, за кои тој предмет не ти е условен. Пример, положена анатомија 3 е условен за патологија, и затоа патологија не можеш да го слушаш. Но затоа пак, анатомија 3 не е услов за радиологија, и затоа радиологија можеш да слушаш.
Мислам дека им е битна само потврдата за редовен студент и печат во индекс дека ти е запишан тој семестар што ти стои во потврдата