Kнигите (повеќето бар мислам), ги имаш во книжара во деканат, како и во копирниците околу факс. Во однос на цените, залепени се на стаклото на книжарата, и можеш таму точно да ги видиш, со оглед на тоа што постојано варираат и ги менуваат. Книгите во копирниците, нормално, се поевтини, дури и дупло од оригиналите, на тебе е дали повеќе сакаш копија или оригинал. Јас лично сметам дека хисто на пр. е подобро да земеш оригинал ако има во книжара, бидејќи има слики во книгата, јас ја копирав, и сликите беа црно бели и џабе ми беа. Анатомија е само текст скроз цела книга, така да копијата ти е далеку поисплатлива, кецот јас ја земав оригинал, а 2 и 3 копии, и исто ми беше, само што заштедив дупло пари. Вовед во медицина и психологија секако копија (не знам ни дали постои книга во книжара искрено, а и да има, не вреди да даваш пари за оригинал), МиФ јас имав копии (две книги беа мислам, една за морфологија една за физиологија) и океј ми беше, ембриологија имав копија, англиски не постои книга (се учи од презентации), а биофизика искрено не се сеќавам.
Може повеќе, еднаш успеав да запишам 2 во семестар, само тешко тоа да се најдат слободни места за интересните изборни. Ако успееш да најдеш, можеш 2.
Ако имаш максимум 5 задолжителни предмети во тој семестар, да. Затоа што во индекс собира само 8 предмети.
2 во семестар може Твој избор е, има колеги се сликаат со генерацијата што почнале, има се сликаат со таа што навистина ќе завршат
Здраво на сите, дали некој знае дали тригодишните студии на медицински факултет за мед. сестра се сметаат како Bachelor's degree или Associate degree во странство? Благодарам.
И јас се наоѓам во истата ситуација и баш за истото се размислував, ама гледам доста колеги што се сликале со нивната генерација и си славеле иако имаат уште 1-2 години (а некои и 3 години) до крај. Така да, јас ќе си се сликам со мојата генерација, без разлика што сум една година поназад од нив
Здраво ако може некој да ми каже дали групите од прва година си остануваат исти или се менуваат во втора?
И јас сакам да се сликам со мојата генерација ама си викам глупо да не би било, зошто на наш факултет не е како на другите факултет, таму 4 години се имаат слушано, па дополагаат само, затоа сите се сликаат во 4та. Кај нас е хаос. Во право си, кај нас е измешано се. Ќејф ми е со мојата генерација да се сликам, така да ако можело, одлично.
Потребна ми е информација, за уплатата на средства за понеделник за новите студенти на медицински факултет, потребно е да се плати 1000 денари за студентски информатор, наставна програма, електронска картичка за евиденција и оддржување меѓутоа не пишува на која сметка, хелп?
Предметите на страната на факултетот, во додипломски студии, а за книги има претходно пишано ама сепак на првите предавања се ќе ви кажат.
Тоа не се знај, зависи како ќе бидат организирани вежбите, пред ковидот не се менваја, после побараја помала бројка на студенти па се менаја нови правевме