И ако го положам до јануари нема да го презапишувам и да плаќам, така? Претпоставувам дека исто е и со анатомија2, при падната и презапишана анатомија1?
За анатомија 2 знам дека 100% важи 3 сесии, така да, ако не го положиш во јануари - презапишуваш. Хисто 2, доколку важи 6 сесии, имаш фора да го положиш до следен август/септември.
Искуство од полагање испит Биостатистика некој да сподели? Од кои материјали се спрема испистот, на што да се обрне внимание ?
Како се полага изборниот Комуникации и комуникациски вештини: семинарска или со испит? (пс. кај доц. Бајрактаров се одржува)?
Порано семинарски правевме само, сега мислам дека некое време веќе додадоа и плус тест. Еве колешка една што пиша пред некој ден, знаев дека прочитав во темата.
Пред 2-3 години семинарска само правевме, сега дали е така уште не би знаела, некој ако скоро го слушал нека напише.
@Zbunetstudent кога полагавме во јунска ни даде да влечеме 4 прашања и да напишеме се што знаеме на лист. На крај ако нешто не е целосно само ќе те потпраша кратко. Во главно супер полагање, ги положи сите со максимум оценска што можеа да ја имаат.
Има едно предавање кое беше онлајн јас кога го слушав предметот и мора да присуствуваш. Се прави семинарска и на крај се полага тест исто онлајн, прашањата беа од предавањето, една презентација е тоа околу 50 слајда, ништо страшно.
Хисто колоквиумите важат 3 сесии после тоа преполагаш но не плаќаш и презапишуваш, а анатомија си важи само 3 сесии после се плаќа за презапишување тоа е разликата
има ли некој полагано нуклеарна да ми каже дали постои некоја скратена скрипта или пдф учебник? дали се паѓа од прашања, дали е доволно од нив да се учи може и во лп или тука да ми пишете фала ви мн
Нема скратена колку што знам, ни пдф. Јас учев од книгата и супер поминав, има прашања, ама според мене лотарија е дали ќе ти се паднат или не, подобро да научиш прво книга, па потоа помини си и прашања.
Како што кажа колешката погоре, учи си од книга, скратен матерјал нема, а прашањата и не се паѓаат баш (можеш ден-два пред испит да ги разгледаш само). Јас супер поминав со книгата, а кога полагав мислам дека повеќе групи на тестови беа и во едните се паѓаа прашањата, во другите беа сменети скроз, па подобро читај си учебник .