Дечкиии, епидемиологија постоеле некои скрипти дали знаете од каде можат да се набават и дали е доволно за усен испит спремање од скрипа или сепак мора од книгите да се спреми?
За сите од прва година што се запишаа, подолу ви ја праќам групата за да се приклучите https://www.facebook.com/groups/663877851388713/
Dali znaete dali treba da se zapisuva prazen semestar ako site ispiti se polozeni ,a samo diplomska e ostanata?
Како шо ти кажаа колешките учи ја книгата, досадна е, ама брзо се врви. Во моја генерација многу се наслонаа само на прашања и имаше 1-2 групи со целосно сменети прашања. Мене ми се падна таква група, не дека имаше тешки прашања, ама ако не си читал џабе.
Колеги дали семестаров ќе бидат и предавањата со физичко присуство зошто пред месец скоро објавија дека ќе бидат, дали уште стојат на тој став?
Штом нема ништо ново, би требало да е така, ама за недела дена за сигурно ќе знаеме кога ќе излезе распоредот.
Искрено се надевам на тоа , ние што сме Ковид генерација и ТСС барем последнава година пред дипломирање да не ни ја уништат со таа онлајн настава. Ништо живо не научивме изминативе 2 години, две недели на факултет вежби биохемија со спектрофотометарот од пред 50 години и толку. Ако плаинраат пак да стават онлајн тешко на идните пациенти со овие генерации на здравствени работници...
Реално предавањата online или со физичко се исти, сум слушала и така и така, нема разлика, сувопарно зборување, исто како од книга, презентација препишана, а вежбите треба да се со физичко
Од предавања ретко кој може многу да запомни кога материјата не се предава нешто поинаку од онлајн и напишаното во презентации. Сметам дека е повеќе губење на време од што има некоја корист. А за вежбите најверојатно треба да се побуните некаде да ви овозможат поквалитетна пракса
Предавања во живо се губење време. Онлајн снимени беа многу покорисни и повеќе ни се најдоа за учење. Не знам зошто бараа физички предавања назад. Вежбите си се во ред физички.
Па да, реално, предавањата е исто како ќе бидат, мене дури и покорисно ми е онлајн, бидејќи можам да ги преслушувам кога сакам.