Не, на медицински нема таква опција,од државна можи да те префрлат на приватна, обратно не, од партиципација се ослободени првите неколку со највисок просек од средно, освен стипендија да земаш, нема никакво друго ослободување
Ја иам слушнато од колеги оти можело ако си имал над некој одреден просек и сите положени предмети, најточно ќе ти кажат во деканат да прашаш
Не е можно такво нешто кај нас. Имало само во неколку генерации за такво префрлање пред 3-4 години, ама во тие генерации во договорот за студирање пишувало дека можеш да се префрлиш со просек над 9.00 и сите предмети положени (јас сакав лани да се префрлам , прашав на студентски прашања и ова ми го кажаа). Ми рекоа не ставале таква опција во договорите веќе
Кај нив секоја година тоа се менува, последно мислам дека важеше 6 , а пред тоа еднаш го направија да важи 3 сесии и тоа им кажаа на студентите дури на крај на зимски семестар пред јануарска сесија дека не им важи и да си полагаат заедно со тие од втора...
Искрено, ние како идни доктори, идни херои, сме потполно дискриминирани и од МОН и од нашиов факултет. Дефинитивно треба да преземеме нешто за да се спречи оваа дискриминација, т.е. да ни ја вратат можноста да се префрлиме во државна квота, да добиваме платена школарина доколку сме особено успешни ученици и да имаме право на стипендија од МОН (мислам дека трета група беше таа кај што сме лишени од добивање). Ние сме иднината на секој жител на Македонија. Апсурдно е ова што се случува во Македонија. Немам зборови...
Како сме лишени од трета група, кога таа е за нас и за техничките науки и најголем дел колеги таа група земаат?
Се е залудно, знаеш дека гласот на студентите никогаш не се слуша. Никакви петиции, иницијативи се прифатени. Секој факултет си води своја политика
Од ниту една не сме лишени, прва е социјална, втора е за просек, трета е за нас и технички науки и во сите три групи имаме шанси да земиме, особено во трета. А за квотите секој факултет сам си одлучува. Како што пиша Фирда над мене, залудно е.
На стипендии секако имаме право, и во втора и во трета група, но ти го поддржувам мислењето за тоа дека треба да има можност за префрлање од приватна во државна. Во многу држави и на државни и на приватни универзитети износот на школарината по семестар ти зависи од просекот (колку повисок просек, толку помалку плаќаш), но ова кај нас нема шанси да се имплементира. Ние не можеме со години да ги натераме службите да се дигитализираат, чекаме со саати за заверка и упис на семестар, тепаме часови пат за да донесеме една пријава на факултет, пошо нели тешко е да се види кој го пријавил испитот за оваа сесија на iknow, а камоли да треба да вадат списоци секоја година со студенти кои имаат просек и кои треба да се префрлат во државна квота од приватна. Тешко ни одат промени во државава некако
бффки да прашам, колку треба да се уплати за презапишување предмет? (читав дека оди по кредити, и некоја сума од пред неколку години, но сакав да се осигурам дека уште стои така)
Дали може некој да сподели, какви прашања поставуваат од теорија на усното имунологија, поопшти или подетално бараат?
Што знам, зависи од проф, јас кај Киријас бев, и ме праша за т клетки мислам, да раскажувам што знам од почеток, друго не памтам.
Се влечел лист минатата сесија со прашања, биле 2 теорија и 1 анализа на случај, 1 вежба. Среќа е, што ќе извлечеш, тоа ќе те прашаат.
Дали треба да се напише молба/да се плати нешто за подигање на документите од средно од деканат, и колку се чека?