?на што основа ќе ја квадрираш годината ако ти се условните положени? Да, можиш ако не ги положиш сите предмети што се за упис за 4та
не сум за 4та, не ми се оди на вежби и предавања од следна година и не ми се учи. ќе морам да поништам некој предмет ? или едноставно да не се појавувам, ќе ми биде исто како да ја квадрирам?
Добро како се запишувате на факултетов ако во еден момент ви текнува да не ви се оди на вежби и предавања и чуда, многу несериозно. Има деца кои не успеале да се запишат тука, а имале преголема желба и амбиции. Не ме сфаќај погрешно не е конкретно за тебе ова.
mozebi ima nekoj personalen problem i nema volja da uci, ne zaboravajte deka imame i mentalen i privaten zivot osven akademskiot zivot,
Се случува живот, грешат и најдобрите. Нема потреба од осуди, секој си знае најдобро за себе. Кога се запишуваме, не знаеме 6-7 години во иднината што ќе биде, тоа е долг период. Се може да се случи, може и да не се пронајдеш во професијата и тоа не е страшно. Некогаш е подобро да прекинеш, да не се мачиш, тоа важи за се во животот.
Јас полагав во јуни, супер и искрено лесно полагање. Си влечиш 2 прашања, едно одговараш кај асс тоа е од практикум, другото кај професор од книгата/през за прв колоквиум. Ми се падна мене за мерење концентрација на днк и за видови мутации конкретно инверзија на хромозом кај мајката што би се случило. Првиот практикум инаку е потежок, можеш да го спремаш и од снимените предавања за побрзо да го научиш
Многу е попаметно година па и две во текот на студирањето да се направи "пауза" или ете ако се падне предмет, или дури и да положиш се, ама едноставно да се осеќаш на ивицата дека стоиш. Јас верувам дека тогаш ти е тешко се, а камо ли да учиш и да се посветиш како што инаку би се терал на сила.подобро одмори и размисли што понатака отколку да се бута антидепресиви (што кај медицинарите не е баш ретко за жал) и да се тера така со мислата дека е глупо да се направи пауза Ако ви е супер и имате мотивација, тогаш супер за вас, ама ако некој друг не се осеќа така никако не осудувајте. Инаку не е поракава лично кон никој, општо зборам, да не стигматизираме ако некој бавно положува,губи година, или става на пауза. Никогаш не знаеш дали позади нечии зборови - не ми се учи, ме мрзи, всушност некој нема храброст да признае дека не е добро и мора да промени нешто.
Осуди на сите страни, а никој не знае низ што поминуваш емоционално. Колку "пријатели" изгубив кога паднав условни предмети, не си им веќе потребен и немаат корист од тебе. Јас за тоа викам ѓубрето само си се чисти. За да дојде до мрзеливост, губење воља за учење, најчесто причина е депресијата, бидете внимателни кон колегите, не ги осудувајте. Ако ништо друго пред нив бидете љубезни, зад грб знаеме дека се збори. Не зборам за членката што пиша во темата, само се надоврзав. Да не бидам сфатен погрешно, немам ништо против тебе.
Јас се извинувам, немав лоша намера, нит па сакав некого да повредам. Само, ме погодува фактот што толку лесно се откажуваме/аат, во ред е да имаш криза, да не ти се учи, сите сме биле на некој начин во депресија, ама не е тоа нешто за откажување, не е се така црно, можеп да паузираш година, две, три... ама битно е да се вратиш и да продолжиш таму кај што си застанал, уште посилен. Се извинувам уште еднаш што ја протолкував лошо пораката.
Ќе успеете, бидете упорни. Ви го кажува некој што го одел тој пат и квадрирал 2 години за време на студирање. Тешко е, но кога ќе завршите, полека се забораваат траумите. После како Јована Јеремич ќе мафтате со диплома во рака .
Кога бев прва година, мислам дека тоа од деканат ни го средија за прв семестар, тек од втор сами запишувавме.
Само да прашам како оди префрлувањето од фармацевтски на општа во 2ра година? Дали се признаваат некои предмети или почнуваш од прва година? Благодарам
Здраво,дали има некој од другите медицински факултети префрлен на уким да ми пише околку признавање на предмети?