Имам фатено услов за сите предмети од 5 семестар, ама треба да го презапишам само Биохемија 1. На iknow не ми дозволува да внесам уште еден предмет бидејќи е надминат бројот на предмети за семестарот. Како може ова да го средам во деканат? Се пишува некаква молба или? Благодарам однапред.
Напиши молба за надминување на кредити предвидени за семестар и нека ти ја заверат во архива и однеси ја на шалтер во студентски ќе ти го запишат, не прават проблем за биохемија .
Ако еден предмет го презапишам двапати дали ке ме префрлат во приватна квота? Бидејќи во iknow ми стои дека сум префрлена а уште немам запишано семестар.
За предмети што не се фаќа услов за слушање при запишувањето следната година се смета како презапишан или прв пат се брои како запишан?
Не те разбрав баш, ако го слушаш само тој предмет запишуваш зимски, а ако немаш предмет за слушање тогаш се запишува празен семестар
Демек од физичките предавања страшно знаење се добива.... Посебно кога еден од групата куца 27 картички а другите не слушат предавања учат сами дома за колоквиум Професорката чите од слајдови во стари распаднати таканаречени амфитеатри со можност да си добиеш опомена ако прашаш нешто (Вистинит настан: Како тоа смеете колега да ме прашате, нели гледате дека ова е биохемија а не физиологија?? Таму ќе си прашате тука да си ќутите!!) Се надевам дека ќе сфатат дека живееме во современ свет и сите предавања ќе бидат онлајн до крајот на времето, со можност за преслушување кога сакаш, а крш амфитеатрите да останат само за полагање. П.С. Колеги ова мое излагање важи САМО за предавањата- не и вежбите кои се круцијални и МОРА да бидат физички посебно од 3та до 5та клиничките вежби, и се разбира стажот во 6та кој мора да се држи редовно секој ден.