Имам две прашања за некој што бил во иста ситуација. Прво дали може во деканат да внесат оцена во ајноу ако ја има во индекс. Второ дали може да се запише семестар ако на ајноу имаш оцена, а во индекс нема потпис.
За трансфузиологија пишува дека мора потпис од патологија 1 за да се слуша. А, за фармакологија? Мора ли и тоа потпис од патологија 1 или може со положена физиологија 2 да се слуша? Дали ако не слушаш патологија и клиничко во 5ти семестар, ништо не можеш да слушаш во 6ти семестар освен епидемиологија?
Зошто имаме ѓубриња од колеги? Излегоа списоците за Патофиза 2 и ме нема на список, некој ме избришал. И пишав на професорката, ама ми нема ништо одговорено. Дали има шанса да ми даде да полагам или многу ме зезнале?
Не да има шанса, туку сигурно ќе ти дозволи да полагаш. Барем патофиза се едни од ретките проф со преголемо разбирање.
Во инфективна клиника, влегуваш низ главната врата и малку подолу лево. Не препорачувам да се оди без потреба.
Да си провервате пред да го затворат списокот оти бришат и не кажват дека на грешка избришале некој, ќе ти дозволи
Ова со бришење од списоци ми е најподлото нешто… Не дека не се случило на грешка, ама многу често и намерно се бриши. Баш претходната сесија, по дерматологија некој/а колега/колешка на два пати го бришеше целиот список од триста и повеќе студенти… Нема шанса то на грешка да е.
Списокот се затвори во 10:00, бидејќи и претходно ме бришеле, го проверив во 9:30, ме имаше. Значи после тоа ме избришале, навистина не знам зошто толку да се замараат да му наштетат на некој.