Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Anna33

    Anna33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2021
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Предлог изборен предмет кај што не бараат полагање?
     
  2. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Здравје на мигранти кај проф. Фимка Тозија , Право и јавно здравство кај проф.Моме Спасовски, Патофизиологија на ЦНС кај проф. Синиша од патофизиологија...
     
    На Anna33 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Paityn$$$

    Paityn$$$ Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Немам фатено услов за упис на следната година, дали ќе треба да уплатам 6000 за семестар за да го положам тој предмет што ми има останато и дали треба само тој предмет да го запишам на iknow и на листот за упис на семестар?
     
  4. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Машки
    Ако го запишуваш по втор пат истиот семестар од лани, не треба да плакаш партиципација за семестар.
    Плаќаш ИКСА и нез шо друго имаше, плус предметите што ги презапишуваш 200 од кредит државна и 400 приватна.

    На листот само предметот што презапишуваш тоа би требало и на iknow
     
    Последна измена од модератор: 20 септември 2022
    На Paityn$$$ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Husky lover

    Husky lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво, да ве прашам дали иако студираме на медициндки факултет да избираме изборни предмети од др. факултети на УКИМ?
     
  6. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    12.261
    Пол:
    Женски
    Како да избираш изборни од други факултети? Не можи така. Имаш листа на изборни од факултетот кај што си запишан
     
  7. Husky lover

    Husky lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Фала ти. А според ваше мислење на кои изборни предмети се поминува без полагање или само со семинарска?
     
  8. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    12.261
    Пол:
    Женски
    Види погоре @floppy77 имаше напишано ако прашваш за општа медицина
     
  9. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Имаш универзитетска листа на изборни предмети од кои можеш да избереш предмети на други факултети во склоп на УКИМ, ама не знам колку функционира кај нас ова на нашиов факултет, до сега немам слушнато некој да земе од тие изборни.
    Има опција за такво нешто, само кај нас не се практикува, пошо сите земаме изборни од нашиот факултет .
     
    На Husky lover, FridaodaMk, Lollipop_123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. med@girl

    med@girl Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2022
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    1. Културолошки и структурни компентенции на здравствените професионалци
    2. Право и јавно здравје
    3. Здравје на мигранти
    4. Научен труд да се напише и објави
    5. Морфофункционални карактеристики на сперматозоиди
    6. Еволуциска генетика на човекот
    + изборните од катедрата Анатомија исто мислам се само со семинарска.
     
    На Husky lover му/ѝ се допаѓа ова.
  11. medlove

    medlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    22
    Здраво колеги
    Дали има некој што би знаел (по лично искуство или пак на пријатели-колеги) ,да ми објасни малку за животот од 4та година на нашиот факултет? :DНајверојатно фаќам услов за 4та,па секое мислење би ми значело како некоја информација плус.
    Дали поопиплива,повистинита станува медицината за нас студентите и слични некои разлики и споредби со тоа што е до 3та година?
    Поздравв
     
    На ElenaOfRivendell и darleen им се допаѓа ова.
  12. zigzag224

    zigzag224 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2021
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Па дефинитивно е полабаво, го немаш тој притисок за фаќање услов а и за мнозинството предмети имаш 6 сесии да ги положиш наместо 3 или 2.
    Во однос на самите предмети материјалот е пообемен ама да, и "поопиплив" и конкретен и од мое лично искуство самите професори не го тупат толку многу со детали како што може да се деси со претклиничките предмети.

    Е сеа во однос на квалитет на пракса тука игра голема улога среќата (али реално каде не игра на факултетов), у однос на тоа каков асистент ќе ти се падне и колку е волен да ви покаже. Исто така битно е колку вие самите настојувате да видите нешто, бидејќи ако не ги "прозамарате" асистентите има шипинки варени да видите - а ним најмногу им одговара да ви удрат по еден факсимил у индекс или на картон па да си испијат едно кафе со колегите.

    Мој личен совет: опуштете се (али не премногу), чим сте стигнале до тука факултетот веќе ви е завршен, остатокот ви е само прашање на време ;)
     
    На Dorisce, floppy77, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  13. medlove

    medlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    22
    Ти благодарам за советите!
    Многу успеси во иднина :D
     
    На zigzag224 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    14.882
    Пол:
    Женски
    Како може ова?
    Прв пат слушам кај нас никогаш не се случуваше тоа, не беа нешто фини колегите ама вакви ствари.....
     
  15. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    14.882
    Пол:
    Женски
    Јас од 4та натака имав подобри оценки, зошто влегов во шема, научив како да учам, научив што треба на факсот а што не, поснаодлива станав. Предметите некои беа полесни од претходно, некои потешки ама поинтересно е бар.
    Поррална медицина имаш ама тек кога ќе почнеш да работиш ќе сфатиш колку се потребни и фарма, физиологија, патофиза.....што додека студираш на поголемиот дел од нас не ни изгледа така.
    А,во однос на вежби кој каков асистент ќе ви се погоди има поголемо чекање по врати, повеќе пропаднати денови, не се појавил асс, па имало гужва у амб па не сакаат да ве примат.... Се случува и тоа и така
     
    На dahlia_desire му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    Сподели некои совети за снаодливост :D
    Анатомија и имунологија жив ме изедоа, сто пати завршниот испит го полагам и никако да положам, трпението на крај ми е. Како да се снајде човек со овие предмети и да стигне до 4 година?
     
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    14.882
    Пол:
    Женски
    Истото ми се случи имунологија, две години каснев ради тој предмет.....
    Последниот пат искрено не ни очекував да положам. Оди на дополнителна, можеш со шеф на катедра да разговараш и да прашаш, јас така имав појдено кај тогашниот.
    Пробај тоа, пробај колеги да ти објаснат, доколку имаш со некој да учиш заедно да пробаш така. јас имав на времето една скратена верзија од книгата прераскажана цела книга од колешка таа многу ми помогна само не знам дали би можела да најдам каде е тоа .....инаку ако ја најдам би ја оставила на копир во трио па да си ја купиш ако ти значи тоа нешто
     
    На Radler му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    Имам купено, во книжара имаше една од 200 страни, можеби е таа, учев и од нивни презентации, снимени предавања, се залудно. Писмените делови со убави поени ги положив, на усно ми е проблемот.
     
  19. zigzag224

    zigzag224 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2021
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Не беше кон мене насочено прашањето али јбг досада и несоница се опасна комбинација :D
    Анатомија ти е 90% бубање, кој вика дека има некоја логика у неа лаже суши, едино у 3ката се пројавува на моменти таа фамозна логика. Така да нема друго чаре освен вежбање на меморија, пробај да црташ, да визуелизираш, глеј видеа на јутуб.

    Имуно као предмет им е промашен концептот уше од старт пошо се иде со книга која на запад е исфрлена од дидактичка примена со децении. Не знам како е сеа ама у мое време од тебе као медицинар/иден општ лекар ти се бараше знаење малтене ти лично ќе идеш утре со Кочо и Петличковски да типизираш ХЛА. Така да и со овој предмет само упорност, евентуално ќе ти се поклопат коцките кад тад и ќе го положиш и него.
     
    На Dorisce, floppy77, dahlia_desire и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Ilajla666

    Ilajla666 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.348
    Знае некој колку е цел Гајтон во трио ?