Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам точно, ама 1500-1600 така нешто беше, можеби помалку, а повеќе не сигурно.
     
  2. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Машки
    Предметот бил релативно нов, воведен во наставната програма пред околу 20тина години. И е дефинитивно тотално промашен. Имунологијата се среќава како посебно поглавје во Микро и во Инфективно и според мене тоа е доволно за општ лекар.
    Би било сосема океј да имаме предмет Имунологија којшто би бил 2 кредита и ќе се учи наскратено основни работи што би му требале на општ лекар. Овој материјал е преобемен и непотребен за нашиот смер, па така наместо да се посветуваме на вештини од нашата клиничка пракса којашто премногу ќе ни треба во амбуланта ние губиме време и нерви учејќи Имунологија, (а и други непотребни предмети) какошто посочи колешката баш као ќе типизираме ХЛА со Кочо и Петличковски.

    Но се е можно во оваа чудесна северна земја.
     
    На floppy77, FridaodaMk, dahlia_desire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ///ANDANA///

    ///ANDANA/// Нов член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2022
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали за 5та година општа медицина има условни предмети?
     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.662
    Допаѓања:
    39.537
    Пол:
    Женски
    Тие основните предмети според мене се пребитни за било што, не откако ќе се заврши. Не можам да замислам да научам патологија и патофиза а да не знам физиологија, или пак да се учи интерна а да не се знае физиологија. Што знам, онака најоснова е тоа. :?:
    За имунологија треба да видиш и прашања, мои колешки што полагаа сега многу работи им се паднаа од комбинации.
     
  5. ataneR

    ataneR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    За предмет со важност 6 сесии ако оваа сесија не ми е положен треба ли при упис/заверка на семестар некаде дополнително да го допишам на тие листовите?
     
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.461
    Пол:
    Женски
    Да ама откако ќе работиш ќе видиш дека претклиничките скоро сите ги потценувале, па и проф на клиника се однесуваат надмено кон институтските
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.662
    Допаѓања:
    39.537
    Пол:
    Женски
    Освен анатомија што се преценуваат.:D
     
    На MakeDamnSure, FridaodaMk и Anie93 им се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    16.499
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека се потценувани, напротив ако се потценува нема толку да се губат години заради тие предмети.
    Проблемот е во тоа што тие што ни ги предаваат тие предмети, немаат соодветен матријал за учење, се обрнува внимание на небитни работи, се прават тестови само колку да го паднат студентите предметот, а не да го научат т.е не ни го даваат потребното знаење, туку факултетот е станат печатница за пари колку повеќе студенти ќе го презапишат предметот толку повеќе пари за катедрата.
    Имам многу да пишувам, ама . .
     
    На Dorisce, MV18, floppy77 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    12.772
    Пол:
    Машки
    Овде би дополнил, дерма и инфективно гледајте во рок да ги положите и да си олесните отколку да ги влечкате и одложувате за наредна сесија, зашто понатаму се трупаат и други предмети, а овие два се доста обемни.
     
    На dahlia_desire, floppy77, Lavender4 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    6.738
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се потценуваат затоа што кога ќе се појавиме на клиника изгледаме како врска да немаме од претклиничките, а тоа е бидејќи многу се обрнува внимание на детали, за да се положи особено писмениот дел, со што се губи големата слика и тоа што навистина треба да го знаеме.
     
    На mr.mersault, dahlia_desire, Dorisce и 6 други им се допаѓа ова.
  11. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.429
    Допаѓања:
    12.196
    Пол:
    Женски
    Точно, учиме премногу непотребни работи буквално од а до ш, после тоа заради тие ситници го забораваме тоа што е важно, пренатрупани сме со информации кои не ни требаат, а мораш да учиш детали затоа што нема да положиш, наместо кога ќе се положи ние да се надоградваме ние забораваме. И тоа ќе остани уште години, години после нас.
     
    На mr.mersault, dahlia_desire, Bananki023 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    16.499
    Пол:
    Женски
    Ете тоа.
    Една катедра со минимум 10 професори плус доценти, асистенти, да не може да обезбеди соодветен матријал за учење. Ќе направат една скрипта преведена од интернет, од српски, англиски(како да не знаат дека ни се достапни сите скрипти на нет) и таа скрипта преведена оди разбери што сака да каже. Среќа па денес може да се најдат на youtube видеа каде што преубаво се е објаснето, може да се снајдеме за учење некако, али не е тоа, тоа. Ќе речеш најстар факултет и фален, фален :D.
     
    На dahlia_desire, floppy77, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  13. paradise69

    paradise69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    27
    Искрено, мислам дека реформите секогаш започнуваат од самите себе. Протестирајте за вашите права, за поквалитетна настава, за подобри услови...
    Факултетот без вас е НИШТО!
    Доколку сте сплотени, можете да ја смените црнава иднина што ќе ја зафати цела Македонија.
    Иднината е во вашите раце!
     
    На MakeDamnSure му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Geek^^

    Geek^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае дали може да внесат во деканат оцена на ајноу ако имаш во индекс.
     
  15. darleen

    darleen Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2021
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    71
    Може, ама гледајда ти се погоди тој мажот што е, дека е многу фин, а жените може и да не ти завршат работа.
     
    На Geek^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NYC

    NYC Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Здраво,
    Во врска со имунологија би те советувал најпрво да го разбереш "костурот" на она што се случува во телото, во смисла да си разјасниш најпрво што е неспецифичен, хуморален, а што клеточен имунитет и кои клетки се вклучени во одбраната. Потоа кој го презема агенсот (пр. алерген) локално од местото, каде го носи и кому му го презентира, видови на антитела нивна функција и кои клетки ги генерираат, потоа за Т-лимфоцити поделба по однос на CD4+/8+ и што тие прават итн. Мислам дека ова е најважниот дел за потоа да се надоградуваш со финеси. Верувајте дека добро совладана имунологијата ќе ви биде од помош понатаму заедно со физиологија, патофиза и патологија особено. Доколку имаш потреба од помош пиши ми слободно.
    Пс. На испит дерматологија бев прашан за имунолошка толерација од аспект на автоимуни болести како ситуација кога ми послужило знаењето од имуно.
     
    На dahlia_desire, Angie1432, floppy77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Jo Wilson

    Jo Wilson Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
  18. ataneR

    ataneR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    ?
     
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    16.499
    Пол:
    Женски
    Треба ако го презапишуваш.
     
  20. leptir1234

    leptir1234 Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Дали е можно да имаат грешка во распоредот,бидејќи некои вежби ми се во исто време