Здраво,дали без положен анатомија 2 можеш да слушаш анатомија 3 и полагаш само колоквиуми од анатомија 3?
Најчесто не, односно 99% Хистологија бараа пред неколку години, а и многу презапишувачи имаше на вежби Анатомија исто пред 3-4 години. Имуно, патофиза, хемија, биохемија, микро, генетика не бараа. Најдобро прашај секретарката на катедрата, не знаеш шо може да им истекне.
Дали прават проблем на фармакологија ако сме се запишале на список дека ќе полагаме и колоквиум и завршен, а се откажеме на полагањето од завршен тест и полагаме само колоквиум?
Извести го координаторот нека им пренеси. Ми се чини за клиничка фармакологија видов објава тие шо се откажуваат од полагање да се запишат во коментар оти ќе имало санкции..
Не би требало да прават проблем, дека сепак се во ист термин се полага, а ти ќе се појавиш. Но за секој случај извести координатор или самата катедра дека завршен нема да полагаш. Едит: не прочитав за санкцииве, ако пишувало за клиничка фарма, тогаш подобро извести
Здраво, се мислев дали да пишувам тука, дека знам сечие искуство е многу индивидуално и се трудам да не слушам премногу туѓи мислења, бидејќи искрено за многу предмети како анатомија патологија и слично, голем дел од студентите ја прават низ муабет како кратка хорор приказна, и вака ми влеја страв во коските што би се рекло за оние предмети што важат за потешки. Сепак сакам да прашам за совет, бидејќи паднав година и сакам да си направам реален план и остварлив. Дали е можно со нормално учење да се положат 6 испити во сесија? Дека вака ретко кој што го знам има положено сите предмети што му се за семестарот одма откако ќе заврши со слушање. Сакам да полагам анатомија 3, нејзе ја паднав би рекла најмногу од страв кон предметот, тоа ме направи да пролонгирам повеќе од потребното, затоа сега ќе ми биде приоритет, но покрај неа сакам да полагам физио 2, микро 1 патофиза, биохем2. Е сега за целосно да се спремам баш сакам убаво, покрај овие предмети се мислам дали да полагам и имуно, обемен е многу, мислам дека покрај овие предмети ќе ми дојде премногу, ама не знам ако го оставам за следна сесија како што погоре пишавте колку е тежок, можеби не е паметно да го оставам за понатака.. Дали според вас оваа комбинација на предмети е океј или сепак звучи премногу? Значи планирам целосно да ги учам предметиве, цел материјал да го минам.фала ви
Најдобро напиши што ти е останато од овие предмети за полагање, многу зависи и тоа, за да знаеме што совет да ти дадеме. Дека не е исто цел предмет и само завршен