Дури и да сакам 6 испити во сесија да полагам, минимум 2 од нив се поклопуваат и ретко кој дава промена на термин. Не сум некој студент што се положил во рок, ни некој со високи оцени, но мене максимум ми се 5-6 положени испити во прва година кога пола испити беа само писмено полагање за завршен испит. Сега вака со усни, 2-3 во сесија само успевам да положам последниве 3 сесии. Не би те деморализирал само шансите се многу мали, многу треба да ти се посреќи пред се и за термините.
Имуно можеш летна сесија да си го полагаш, не го форсирај сега. Во јануари нека ти бидат приоритет патофиза,микро,физио дека ќе треба да ги презапишеш. Биохемија2 не ти е услов за ништо (во твојов случај) не ја форсирај затоа што е преобемен материјал и плус се и протеиниве за испит оваа година. Ова е мој совет, затоа што бев у слична ситуација.
Би ти препорачал да ги полагаш микро и биохем завршните и анатомија ... и види уште еден максимум - имуно не би препорачал.
Во секој случај гледај да положиш анатомија колку што можеш порано, бидејќи со тоа што ќе немаш анатомија, ќе имаш многу повеќе време да се посветиш на другите предмети, сите знаеме дека анатомија одзема премногу време. И како што кажа колешката погоре, потруди се да ги положиш, и тие предмети кои ќе треба да ги презапишеш, ако не ги положиш следна сесија.
Дечки дали знае некој да ми каже за предавањава од 4та година,зборам сега со физичко присуство (не како што беше до сега онлајн преку Тимс) ,дали се куцаме со картички за евиденција ?
Премногу се сите, прво можеш да доживееш burn out со многу форсирање, па на крај од сите ниту еден да не положиш, а второ многу е тешко и термини да ти се погодат за сите. Главен фокус анатомија гледај неа да ја тргнеш што побргу дека премногу време одзема. Микро исто можеш да полагаш, краток материјал е за завршен. И како трет предмет можеш физио, 2 колоквиума не се многу, претпоставувам еден е ендокрин кој брзо се спрема. Биохемија исто можеш да полагаш, знам некои професорки дозволија полагање усно предсесија во ноември/декември, види ако дозволат и сега за да си го тргнеш, а да не ти е густо во сесија, дека е обемен метаболизмот, а сите прашуваат и за материјалот од колоквиум. Ако немаш таква шанса подобро остави го за следна сесија. Патофиза бидејќи ти е цела, најдобро е да ја презапишеш и тековно да полагаш колоквиуми, затоа што обемен материјал е, а за да положиш треба да ти е добро совладано. Имуно исто, следна сесија, обемно е. Исто и тебе би те советувала, потруди се да ги положиш прво заостанатите предмети, тие да ти се приоритет, особено анатомија. Дополнително бидејќи ќе слушаш микро 2, патофиза 2 и радио, можеш да се потрудиш ако не ти одземаат премногу време и од нив некој колоквиум да положиш во колоквиумска, па кога ќе ги положиш заостанатите, јуни/август да ги положиш и завршните од овие. Нуклеарна и епидемиологија остави ги за крај скроз.
Кога веќе почнавте со совети, би сакал и мене да ми дадете некоја насока. Моментално мене ми остануваат за следна сесија: 1. Анатомија 3 (уште завршен имав ама не знам сега со колоквиумот што ќе биде, се надевам ќе го важат како и лани, усен колоквиум беше сепак, еднаш ако си го положил..) 2. Цела патофиза 1 (ја оставав за да положам физиологиите и ми остана, а оваа е последна сесија пред да се презапише) 3. Усен епидемиологија (овој сакам да го полагам што побрзо зошто ич немам пробано да го полагам, ми отидоа така сесииите) 4 и 5 Микро 2 и патофиза 2 сега што ќе ги слушам ама со патофиза 2 секако сум заглавен заради патофиза 1 6. Можеби и цела имунологија(не знам, чекам од усно резултати иако не очекувам да сум положен, освен да ме изненадат со некоја 6 па во кафана ќе ве носам сите од темава ) Како е најпаметно да полагам според вас? Анатомија 3 секако главно ќе ми е во фокус, тоа сигурен сум. Мислите има шанса да го важат колоквиумот или такво нешто тешко годинава? Патофиза 1 има шанси цела да се положи во една сесија или да ја баталам целосно? Патофиза 2 сега колоквиуми да полагам овој семестар во колоквиумски? Ќе стигнам ли патофиза 1 и 2 до следно лето да ги исчистам? Искрено мислење сакам дали е можно. Микро 2 каков предмет е? Се стига да се положи во јануари? Микро 1 убаво имав поминато, одма во јунска го имав положено, за микро 2 слушам поголем дека бил материјалот.
1.Анатомија што побрзо полагај. 2.Патофиза многу тешко цела во една сесија со се колоквиуми. 3.Епидемиологија - Полагај го ако е добра дата- односно да не ти зема време од анатомија и другите, па да ги утнеш побитните. Повеќето професори имат низок критериум, може да се извлечеш. 4. Микро може да се стигне во јануари со труд и среќа кај добар професор иако материјалот е доста по обемен од 1. 5.Патофиза 2 не можеш без 1 положи барем некој колоквиум ако имаш прилика 6.Имуно ако си положен одлично, ако не - не брзај прво анатомија
Едно мало надополнување на твојот одговор. Мојата генерација бевме втора година кога започна ковид пандемијата при што немавме предавања ни по патофиза 1 ниту по микро 1. За овие предмети го учевме сами и го полагавме целиот материјал наеднаш. Така што може да се постигне и да се положи цела патофиза 1 во сесија со навремено учење, плус олеснително е што имавте и вежби и предавања. Ова е мое лично мислење
Зависи, и кои предмети, и колку имаш од тие предмети за полагање. Не мора да значи дека не можеш повеќе.
Ова зависи од многу фактори. Како што пиша @ElenaOfRivendell зависи шо предмет ти е останат и колку и дали имаш нешто положено од него. Исто така, сите сме со различен капацитет за совладување на матерјалот по предметите, некои колеги можат комотно да положат 6 обемни испита во сесија, додека други едвај два, зависи и кој колку им се посветува на испитите , со каков начин учи... Секој на форумов си зборува од индивидуално искуство и на крајот на денот најубаво вие би си знаеле дали би можеле или не би можеле повеќе предмети да положите во сесија, во зависност од тоа како ви иделе испитите до сега.
Да се надоврзам, некогаш знае да се погоди идеална испитна сесија за личната ситуација на студентот и да имаш можност да ги полагаш сите испити, некогаш пак физички е невозможно без разлика колкав ти е капацитетот да ги полагаш сите испити (на пример, ти останале два завршни писмени испити кои се погодиле да бидат истиот ден и нема два рока).
Колеги како се справувате со она чувство на вина ако паднете испит особено ако е услов? Сега ми се поклопија дати за презапишан предмет и предмет од оваа година и се осеќам ептен за никаде.. особено што има колеги само те прашуваат до каде стигна, ее јас тоа одамна положив, и некако одма те гледаат со други очи кажеш ли дека си паднал испит
Ич да не се замараш со другите, гледај си ти да успееш, да положиш, а тие кога положиле, завршиле не е важно. Сите сме биле во ситуација да падниме условен кој сме го спремале месеци, ќе ти е криво некое време ама ќе помини, а кога ќе го положиш нема ни да се сеќаваш на ништо ни како ти било ни колку време си спремал..се е минливо
Јас ќе ти кажам од моја гледна точка 6 испити се премногу, 3 или 4 да ама 6, можи некој можи да успее али јас не би. Би се сконцентрирала на анатомија 3, физиологија 2 и патофиза, па наредна сесија другите. Премногу материјал е за 6 да спремиш, ќе те фати паника, подобро 3 квалитетно и да ги положиш, отколку 6 па да на крај се зафркниш. Али тоа е мое мислење, ти сама ќе си одлучиш во однос на организација, време....
Не е животот само факултетот. Колку сакаат нека те прашуваат, ти што сакаш тоа им кажи. Не должиш никакво оправдување на никој, посебно не на рандом лица шо тек ќе сфатиш колку се небитни у твојот живот. Слободно нека те гледаат со какви очи сакаат, битното е на тебе да не ти падне самодовербата , тоа што си паднал испит не те дефинира како личност и не ти ги одредува способностите. Излегувај на журки почесто во слободно време, запознавај нови луѓе што ќе те отргнат од стресовите на факс. Бил сум во иста ситуација, и дефинитивно се заборава со тек на време, а доброто е што не треба многу време.