Истото ми беше вака бидејќи многу земам за при срце што би мислеле другите ама сега толку ми стана сеедно и да знаеш многу поубаво е кога само ќе престанеш да се мислиш за мислењето на другите. Не е само факултетот во животот, сеа дури ни кога ќе го положам предметот не ме исполнува толку многу колку што мислев Уживај, и ич да не ти е гајле што мислат другите.
Дали за продолжување стипендија во трета група потребно е да имаш 80% положени предмети од вкупниот број предмети без разлика од која година се предметите, или пример 80% од прва и 80% од втора?
Дали група А и група Б ќе ги земаат индексите на различни денови? И ако да кога(пр. 3ти и 4ти окт/подоцна)? Дополнително прашање кога можам да го земам индексот ако го пропуштам тој датум?
Ќе имате прв академски час ќе ви ги даде деканката. А ако пропуштиш од студентски можеш да си го земеш.
Да бидам искрен мене и предавања и вежби ми се губење време, сам ако не седнам да си научам и објаснам, ништо од тоа не ми помага. Ретко што било корисно, повеќето само време одземаат, читање презентации на цел факултет и на вежби понашање дрско од асистенти што лечат фрустрации и комплекси. Ако не знаеш нешто понижување како да е испит, не обична вежба зошто само таму може да си покажат моќ на титулата, а не нешто да те научат. Повеќе стрес ми се вежбите, а не место за учење, со исклучок каде што се погодиле добри асистенти. Затоа од многу луѓе се одалечив. Не можам да ги трпам со прашањата до каде си, што положи, како си го заглавил тој предмет, ми прават после депресивни чувства. Правило е дека студент/колега не се прашува до кај си со факултет и испити, некултура е ама сите сакаат се да знаат. Не знаеш што е полошо на факултетов, колеги, професори, ужасни услови за учење или застарени книги (немање ни книги некаде) од време на Југославија.
Се знае имунологија резултати кога ќе има? Треба семестар да запишеме, чекаме резултати да видиме дали треба да се презапише нешто или не, дали услов ќе се фати, зошто ништо не им е средено на факултетов. Последниот ден ќе се "тепаме" таму после кој попрво да се запише од нивната неорганизација се до последен ден да се чека.
Секогаш е така, и после последната недела од упис е страшна гужва, сардини сите, си дишиме во врат, а сега да одиш оваа недела за 5 мин ќе завршиш работа. Рокот за упис им е промашен на сред сесија. Пред ковидов секогаш запишвав откако ќе почнеше семестар, не ми правеја проблем, затоа што во таква гужва ме фаќа паникаали сега дали можи не знам, знам лани имаше соопштение да се запиши во рок оти после тоа нема да ги земаат документите, за оваа година нема ништо такво
Zdravo,dali e kasno da se zapises na medicinski fakultet so 27 godini i da stanes doktor zemajki vo obzir deka faksot trae 6 god +3 doktoriranje
Кои се клинички изборни? Тие што имаат пишано дека може да се слушаат после 4та во програма независно од годината кога е слушан или? Некои на пример што можевме да ги слушаме и порано, а во програма им стои 11-12 семестар. Пример овој? Слушан ми е во 3 година, како ќе ми го водат клинички или претклинички? Овој пример јасно е дека е претклинички.
Мислам дека треба кога ќе го запишеш во iknow, за претклиничките да пишува 5 семестар, без разлика на кој сместар си го слушал. Ама за клиничките не знам, затоа што сите што сум ги слушала мислам дека се водат како претклинички.
Баш пробав да запишам сега и некој од тие на клиника и стои 5 семестар и за тој предмет. И јас претклинички сум слушал само до сега. Да предложите некои од клиничките изборни тогаш лесни што се да знаеме за понатака? Некои постари колеги ако имаме?
Институтска предавална 1-поткровје и 2-поткровје Каде се наоѓаат овие простории бидејќи таму ќе имаме предавања изгледа. Дали ова се некои нови простории или не сме влегле таму до сега па не знаеме.