Нема врска бе, одма ќе почнете со вежби (сеа не знам дали си на општа или вишата, за кога почињате со вежби), ама мора таму да прозборите. Со мене пример е пола клас од средно па не збориме најблиските колешки ми се од друг град и супер ни е. @nonamefanatic ќе ти потврди
Кога ќе ви е ден за промовирање на бруцошите, тогаш. Ќе имате и за тоа известување откако ќе ви бидат направени профилите.
Да да, општа сум, веројатно паничам без потреба, ќе се склопам со некој евентуално хаха, ќе видиме на 15ти
Еве известување од деканататот за новите студенти и кога да си земат индекси: СООПШТЕНИЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ИНДЕКСИ ЗА НОВИТЕ СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО АКАДЕМСКАТА 2016-2017 ГОДИНА НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ Почитувани студенти, Ве известуваме дека на ден 15.09.2016 година (четврток), во амфитеатарот на деканатот на Медицинскиот факултет, ќе има свечено доделување на индекси за новите студенти запишани на Медицинскиот факултет во Скопје во академската 2016/17 година. По тој повод ги покануваме студентите од: 1. Општа медицина, во амфитеатарот на деканатот на Медицинскиот факултет, во 9 часот 2. Тригодишни стручни студии, во амфитеатарот на деканатот на Медицинскиот факултет, во 12 часот Распоредот за настава за студентите од општа медицина и студентите од тригодишните стручни студии, е објавен на интернет страната на Медицинскиот факултет (www.medf.ukim.edu.mk), во менито Распоред за настава. Одделение за настава и студентски прашања
Девојки имам запишано само прв семестар за академска 2015/16 год. и не ми е заверен тој затоа што прекинав, што значи не ми е запишан ни втор семестар. и сега сакам од ново прв семестар да го запишам ама електронски имам опција само 2 и 0 за семестар и ако одберам 2 излегуваат предмети од втор семестар. Дали ќе сака некој да ми помогне?
Годинава сум матурантка, па би ве запрашала малку повеќе за смеровите кои ги нуди факултетот во Штип.Иии..Желба имам да завршам општа медицина.Кои се насоките, каде треба да се упатам?Како оди се по ред?Предавањата какви се?Со што ќе се сретнам и сл? Ве молам барем за неколку одговори на прашањава, одприлика од искусни студенти.Фала ви и многу ќе ми значи ако ми вратите
Нема ништо опасно и во осаменичкиот тип на студентски живот. Иако на медицина со сите вежби невозможно е да не свртиш муабет со другиве.Ќе видидш.
Ќе си појдеш за ова директно во деканат на шалтер на студентски прашања и ќе ги прашаш жените кои работат таму, вака тука никоја од нас не може да ти помогне околу ова.
Сакам да се префрлам вонредно си извадив лекарска потврда,требало и молба ама незнам како треба да гласи текстот.Ајјј ве молам за помошш итно ми е,пошо денес ке идам во деканат да го носам
На сите идни колешки на медицински ви посакувам многу среќа и успех! Утре само опуштено по индекси, да го видите деканот прв и последен пат хахаха и да си каснете бајадера (барем нас тоа лани не послужија)
More Jankulovski koj ke go zameni? Neli vcera mu bese inauguracijata za rektor?? Samo da ne e Alabakovska :/
Епа Јанкуловски беше декан, ама сеа стана ректор на УКИМ, се шушкаше нешо демек Алабаковска ќе биде нов декан ама не се знае уште.
В.Д.ама големаа веројатност е да ја изберат и официјелен декан обично в.д-та стануваат официјални кога ќе ги изгласа управата.