Да беше толку лесно немало години да губи секој трет студент. На усно како положуваат? Писмено да речеш може и со прашања ќе поминеш, но усно? Факултетов да те чита некој ќе помисли како курс некој дека е, а не е така.
Море и јас имам години изгубено две. И со анатомија, и со патологија. Анатомија комисиски полагав, ја обжалив Стратевска. и поголем стрес од тоа сум немала мислам. И знам многу добро што значи тоа. Не викам дека е како курс, туку квалитетот е многу паднат, тоа е факт! И едно е учење за положување, друго е за знаење. Многу пати сум била сведок дека ако учиш за знаење, ќе си паднеш поштено на испит. А ако учиш за положување, ќе си положиш. Тажно е, ама вистина. Сакате да ми кажете дека интерна сте учеле од Харисон, 5000 страни вие најпоштените? Па цела година треба само интерна да учиш ако е така... И не може општа медицина да е хоби... Кои глупи коментари искрено. Јас уште еднаш ќе речам, ако се сака, се' се може. Башка, во Америка скоро сите студенти работат part time/full time работа и студират истовремено.
се согласувам со тебе, вчера не бомбардираа сите што кажавме дека е тешко и дадовме наше мислење за девојката која сакаше да влезе во медф, а на крај излезе дека таа има 78 поени,сега реални да бидеме таа нема да може ни штип да влезе а за скопје не коментирам, имаше коментари можеш не ги слушај ,луѓето значи толку се delusional некои луѓе стварно не знам што да кажам системот ни е крив ок ама да дојде колешка да не нарекува ограничени и мрзливи луѓе зошто не може ем да работиме ем да студираме,и јас работам онлине но не земам којзане колку пари,треба све да се планира тоа , кирија,факултет , презапишувања, јадење ,транспорт и не кошта факултетот исто за сите и скоро никогаш не излегува све по план Срам да им е на сите што ги осудуваат така луѓето,ги мразам луѓето кои ги нарекуваат своите колеги мрзливи или ограничени ,и тоа медицински студенти колеги
Ти се погодило со ковидот валјда. Во мое време беше невозможно, зошто е стрес па распореди на работа, па дали ќе те заменат ако ти искрсне нешто....додека одев платена пракса работев и друга работа и беше изводливо но едвај а не пак да замислам за време на студирање. Ние моравме физички да сме на факс секое сабајле по 4часа минимум.
Извини ајде... Највредни и најпаметни се студентите на медицина. Повредни, здравје... Значи пишав општо за луѓето дека СПОРЕД МЕНЕ мрзливите и ограничените можат да не успеат ако нешто си замислат за правење. И си стојам на тој став, тоа е мое лично мислење. Не значи дека ако со студент на медицина, дека си највреден, најхуман, најпаметен или било што. Па колку сако себични колеги има, само за себе што си гледаат и воопшто не се колегијални. Секоја индивидуа е различна. Ако студира медицина, не значи дека е незнам што. Мене не ми менува што работи/студира човек, туку дали и колку се труди како личност, и колку е амбициозен. Од што толку многу сме/се дигнати колегиве, затоа и има толкав број на доктори кои ч немаат од човечност, и арогантно одговараат цело време.
Хирургија со месеци спремавм, на абдомен колеги паѓаа по 5пати. И ова реално не е за фалење, туку срамота е некој волку малку да учи и да си проаѓа ради реда. Очно исто така учевме и тоа бајагии, орл беше полабаво. Интерна исто така се учеше многу. Валјда толку е сменет факсови или студирате на марс
Срамота е, се согласувам. Ама системот е таков. Затоа и викам дека квалитетот на факултетот е многу паднат. Некои си минат како песна, и ќе завршат порано, и ќе ги фатат работните места на другите. Некои ќе учат, ќе се мачат и за просек, и некој со врски и помалку поени ќе ја добие специјализацијата.
Da ne rabotis so pacienti e najsigurna rabota za pacientite, posebno ako ima predmeti koi ne se pretklinichki.
Па не би рекла дека клиничките предмети се само претклинички "ама малце подлабински", или дека баш толку лесно се положуваат Ок, колоквиумите/писмените делови ќе ги положиш со прашања/препишување. А усно шо прајме? Врти сучи пак имаш книги од по 500-1000 страни, и само најбитното да го учиш ќе ти требаат 2-3 недели за пролазна оценка. Да беше као шо викаш немаше еден куп колеги да влечкаат предмети од 4та и 5та
6та е празна, нема испити. И само може да се полага од останатите испити. Автоматски, испити од две години се полагаат 3 години, и пак на време да се заврши факултетот. Плус казнени сесии во 6та има. Многу се поолеснителни околностите. Инаку и за усно се научува, на време ако се почне. Некои порано, некои покасно, ама илјадници студенти го завршија факултетов.
Никој не вика дека факултетот е невозможен, само дека не се клиничките предмети баш толку лесни. Може човек асално да се заглави, особено ако му се натрупаат повеќе.
Па така ако размислуваш, и на било кој факултет ќе заглавиш ако ти се натрупат предмети. Битно да нема откажување. Еден по еден , ќе се расчистат.
Мислам дека збориме една преку друга. Замерката ми беше тоа што кажа дека клиничките предмети биле "само малку пообемни" од претклиничките и дека со прашања и онлајн полагање можеле да се средат, што според мене е апсолутно неточно. Да, ако имаш среќа ќе положиш 1-2 предмета на тепка ама со таква стратегија ќе студираш до 30. Така да и за клиничките треба загревање на столчето, тоа што пар деца положиле на среќа не значи дека сите можат.
Што и да избереш треба да ја прифатиш идеја дека се учи цел живот. Кој и да ви каже дека научил за 4, 5, 8години.. лаже. И врска си нема со професијата туку само се залажува дека е, доктор, економист.. фаца. Ако успеете да ја земете дипломата од пмф ќе имате резерва во поглед на вработување. И не знам што е муабетот сакам да сум доктор ама не општ. Никој специјалист не го прескокнал тој чекор и не е за потценување. Општите лекари во моментов се црна дупка во нашето здравство- вие може да сте промената. Се на се- само напред. Јас не би се двоумела воопшто. Медицина е љубов.
Другите што учат од книга се мрзливи и ограничени. Тие што учат на прашања се амбициозни, перспективни, интелигентени, полни со знаење.
Воопшто не ме изненадуваат егоцентричниве писанија на поедини колеги.Учете како сакате кои сте вие да ги омаловажувате другите и да ги нарекувате неодговорни,неспособни.Вашиот успех е само ваш.Медицината не е само положен испит,добиена оценка.Во текот на студиите треба да научите и што е колегијалност,тимска работа и емпатија кон послабиот, кој од вас утре ден ќе побара помош за својот проблем.Не осудувајте никого бидејќи не знаете тој некој низ што се можеби минува во својот живот.Во текот на тие 6 години ние студираме ама и живееме нешто што се нарекува ЖИВОТ кој е се ,но само не е ПРЕДВИДЛИВ.Имајте убава вечер драги колеги. Ви посакувам на сите многу успех во новата академска година,Поздрав!