Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    6.737
    Пол:
    Женски
    Секое искуство на факултетов е индивидуално, на некој ќе му се посреќи и ќе му одат повеќе работи од ракав, а друг ќе искуси се и сешто. Но, во секој случај реалноста е дека факултетов бара многу посветеност, учење, жртва и трпение, а и подготвеност да се прифати секоја можна ситуација, дека не секогаш оди се по нашиот план.
    Можам да се сложам дека поради онлајн наставата и полагањата изгуби на квалитет, но можам да кажам дека некои онлајн полагања прескапо ги плативме со одредени завршни испити. Но, ерата на онлајнот заврши. Така што се што беше олеснително, сега веќе нема да биде. Со онлајн полагањата на краток рок имавме бенефит, затоа што завршните испите беа со физичко или усно, каде се бараше интегративно знаење, па така и колоквиумскиот дел мораше да се знае, па ако не си научил за колоквиум, мораш да научиш за испит. Исто е и на прашања ако одиш и со физичко присуство, знањето пак се бара на завршен, ако не заглавиш на првата, ќе заглавиш на последната препрека. Тоа предавањата и дел од вежбите што беа онлајн, се доби шанса да се работи во слободно време, но во реални услови тоа е потешко изводливо, голем дел од времето се помунва на факултет.
    Годините ниту за упис, ниту за работа се проблем, но сметам дека секој што планира да се запише треба да е запознаен со начинот на функционирање на факултетов, а и понатака по негово завршување, дека не заавршува се тука, во најмала рака следуваат 6 месеци стаж, па лиценца, па 6 месеци платена пракса, па конкурси за специјализации, па специјализации, па надоградувања, итн.
     
    На floppy77, ginluvr, drFoxFire и 8 други им се допаѓа ова.
  2. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Секој што добил диплома на медицина колку само да се каже,кога ќе дојде вработување ,ќе биде баш голем проблем,никој не би држел вработен што не знае да работи и ќе биде на исто ниво..Уствари ова е за сите струки.
     
    На floppy77 и SaritaGirl им се допаѓа ова.
  3. Demon11

    Demon11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    62
    Здраво!
    Како иден студент, имам неколку прашања во врска со книгите, скриптите и сите оние ситници при почеток на факултетов.
    Доколку некој може да одвои неколку минути, пишете ми ЛП.
    МНОГУ ВИ БЛАГОДАРАМ!
     
  4. Dance32

    Dance32 Нов член

    Се зачлени на:
    23 септември 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Како некоја што завршила и е на специјализација, да појаснам нешто. За таа што сакаше на 26 год да се запише, 6 години општа, конкурс за специјализации може и да нема секогаш. Сам си ја плаќаш приватната, пошто знаеме како оди вработувањето кај нас. 2 години после завршување чекав конкурс за приватна спец. И сега да треба пак да студирам никогаш нема. Оставете хуманост и желба, не се исплати тој труд за во нашата држава. Не сакам да ве демовитирам,ама сами ќе си видите.
     
    На Meddy, floppy77, LadyR и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Израснав со родители доктори и истиов муабет од нив го слушав цел живот "сега да сум млад никогаш не би го учел ова".
    Тешка професија, многу жртви бара, години и години да вложиш, цел живот само работа да ти е. Јас кога ќе слушнев 6 години факултет дека трае ми се лошеше, јака ви душа на сите што студирате.
     
    На MakeDamnSure, floppy77 и Dance32 им се допаѓа ова.
  6. Dance32

    Dance32 Нов член

    Се зачлени на:
    23 септември 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Специјализациите се од 4 до 6 год. со тоа што не секогаш ќе земеш по желба, ако имаш среќа прво да се вработиш па да те прати институцијата да бидеш државна спец. Тоа е плус еден факултет, специјализираш и земаш плата како вработен на клиника пример за 38000. А да не збориме за колективи, какви се вработија и со кого ќе треба да работиш.
     
    На floppy77, mira.mira, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ///ANDANA///

    ///ANDANA/// Нов член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2022
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој знае кога е вториот уписен рок за вонредни студенти?
     
  8. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    Физио2 некој да полагал завршен усно минатите 2 сесии? Јас минатата година положив, не знам како е сега, дали нешто се сменило. Другар ќе полагал, го интересира теорија највеќе што ве прашувале, вежби 2 се полагаат само?
    Мене доста полесно од физио1 ми беше тој предмет, но можеби така ми се посреќило, а и во корона поразлично беше малку.
     
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Одма враќаат индексот после упис на семестар? Потврда исто сакав да извадам, да не вадел некој и потврда деновиве, дали ја даваат одма?
     
  10. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.429
    Допаѓања:
    12.191
    Пол:
    Женски
    Помина вториот уписен рок
     
  11. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Jac во јануари полагав, влечевме една вежба мислам, плус проф си прашуваше мислам едно прашање од теорија. Рефлексите обавезно од теорија, мускулно вретено, Голџи тетивно телце, сетила…
     
    На Radler му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ///ANDANA///

    ///ANDANA/// Нов член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2022
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мислев откако ке бидеме примени, кога треба да ги доставиме документите, индекс и слично
     
  13. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    Само една вежба е секаде или зависи од професорот? Не можам да се сетам, се мислам 2 полагав јас, но може и со физио1 да мешам нешто.
     
  14. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Е не знам тоа, јас кај Иванка бев. Освен тие две, прашуваше и плус по некое прашање.
    Августот кај Сунчица исто влечевме една вежба + теорија прашуваше.
    Манчевска знам дека повеќе бара, другите не знам.
     
    На Radler му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.429
    Допаѓања:
    12.191
    Пол:
    Женски
    Би требало да има известување на страната на факултетот
     
  16. Ana03

    Ana03 Нов член

    Се зачлени на:
    24 септември 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки има ли некој што почнува прва година дентална медицина во штип?
     
  17. darleen

    darleen Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2021
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    71
    Дали го враќаат индексот на студентски при упис одма или ќе стои неколку дена?
     
  18. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    За семестар? Одма ти го даваат.
     
    На darleen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. babybells

    babybells Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    52
    Дали имате проблем при отварање на линковите за распоред за предавања од медф странава, само за прва и втора ми ги отвара а другиве не, и кај вас ли е така?
     
  20. medstudents

    medstudents Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    64
    Кај мене сите се отвараат, пробај покасно, може менувале нешто во меѓувреме.
     
    На babybells му/ѝ се допаѓа ова.