Пред короната требаше 60% да имаш присуство, така да, не мораш на сите. Реално, ни на тие 60% не мораш да одиш, ако има некој да ти ја куца картичката за присуство (доколку повторно се оди на принцип со картички, не знам дали ќе биде исто).
30% е, видете курикулум по предметите, објаснето е колку треба и поени колку имаш во однос на присуство, од 2017/2018 е менато, порано имаше повеќе поени од предавања, заради куцање на картички од една личност повеќе, таа година го сменаја да е 30%
Дали некој се има префрлено од 2ра година на медицински и дали ги прифаќаат сите испити од претходниот факултет?
Кога треба да се аплицира за стипендија? Исто сакав да прашам, јас треба сега да запишам 5та година ама до сега не сум земала стипендија прв пат аплицирам. Ама условот од 3та спрема 4та не ми беше фатен навреме односно имам квадрирано(изгубено година) , дали заради тоа може да ме одбијат?
Како се пополнува образецот за запишување прв семестар за дипломирана акушерка? Кој изборен предмет е најдобро да се избере и дали треба само еден? Ве молам за помош, утре се уписите.
Може ли да ми пише некој колега/колешка од 5та или 6та, јас сега ќе бидам 4та, да прашам нешто сакам.