Да, но не ни се обрати деканот, не се ни појави, една од продеканите ни држеше говор, а за бајадерава - да стигнам до дипломска и кавијар ќе им носам
Обично работат од 11 и 30 до 13 и 30 ама сега за уписите имаа продолжено работно време од 09:00 до 14:00. За најсигурно оди накај 13:00.
Плаќаш на уплатница 100 денари (за како да ја пополниш во деканат има слика залепена на огласните табли - има една лево од шалтерите баш), потоа си пишуваш молба до деканат дека сакаш да ти издадат потврда дека си редовен студент, па ја носиш молбата во архива да ти ја заверат (архивата е првата врата десно во ходникот во деканат), заверената молба сосе уплатницата ги носиш на шалтер на студентски прашања и таму ќе ти испечатат потврда дека си редовен студент. Со тоа одиш во некој од оние преправенине автобуси каде што даваат картички, таму бараш да ти дадат лист за студенти, го пополнуваш со општи твои генералии, и тој лист, заедно со потврдата за редовен студент и 200 денари ги даваш, и одма те сликаат и ти даваат картичка.
@*Amethyst* заборавив да додадам дека на молбата за потврда треба да пишеш дека ти е потребна за вадење на слободна студентска карта за ЈСП, и со себе треба да носиш и индекс на шалтер на студентски прашања бидејќи позади во него ќе ти стават печат.
Славко ЈАНЕВСКИ-Центар веднаш до гимназија Ј.Б.Тито,ама многу е малечка, најпрактична ти е Браќа Миладиновци до Градежен фах.е сега Медицинар во домот што е незнам до кога работи,провери си.
Brakja Miladinovci raboti 24 h vo Prvata citalna, vtora I treta mislam do polnokj rabotat Samo tuka treba da se zaclenis prvo, a vo GTC imas 1000 knigi citalna taa e besplatna, proveri na net na sajtot ima rabotno vreme
Според мене 1000 книги во ГТЦ ти е најдобра и најблиску до факултет. Бесплатна е и работи до 00:00h преку недела, во сабота мислам дека до 20:00h а во недела и празници не работи. Само ако сакаш да си фатиш место, особено за време на колоквиумска и сесии ќе треба да одиш порано, најкасно до кај 11 да си таму за да си фатиш место. Инаку има и во близина на медицина, близу Инфективно, сместена е во барака. Во истата барака има и библиотека за позејмување на стручна литература но бараат да им оставиш пасош или индекс кога ќе сакаш да земеш книга.
За книги во ред тоа, јасна ми е процедурата туку ми треба простор за читање и работење. Неможам да си дозволам да висам на кафиња по кафичи дур да ми дојде времето за дома.
Дечки, колку на овој фак. влијае на оценка самото присуство на предавања, вежби и правење семинарски? п.с. имам намера на секое предавање да одам, само би сакала да знам ете како се движат работите тука, зашто на пр. на филолошки можеш и да не се појавиш на предавање и што направиш на испит тоа ти ставаат оценка, не им е гајле.
Па зависи, ако си читала за секој предмет посебно што го имаш на смерот, ти пишува се колку бодови носи. Таму најубаво да си гледаш. Ако си редовно запишана, треба да имаш над 60 % електронска присутност во евиденција на предавања за да добиеш потпис. Вежбите се задолжителни и имаш можност за 2 минуса да не се појавиш и сепак да добиеш потпис, само ќе ти намалат бодови. Семинарските не се прават по секој предмет и не можеш на пример како на другите факсови, ако ти фали поен, два да напраиш семинарска да надокнадиш поени за да положиш ако во самата програма не е предвидено да се направи семинарска. Предавањата не се ништо спектакуларни, јас не се ни појавував освен на оние каде што прозиваа зашто ми се губење време. Слободно може некој да те куца.
Дали може некој да ми каже каде поточно се наоѓа судска медицина утре треба да идам таму во амфитеатарот плссс
Ако не си одела досега низ кругот на клиники, полесно ќе ти е да се снајдеш одејќи однадвор, по Водњанска. Од главниот влез на комплексот клиники (од каде што влегуваат возилата), продолжи право нагоре, ќе ги поминеш и трите автобуски станици, и уште погоре, на самиот ќош ќе видиш голема зелена капија, тука влези, и си во дворот на судска медицина. Кога ќе влезеш внатре во зградата, одма од десна страна е амфитеатарот.