Колешки, совети за Патологија 1, како учевте, колку време ви требаше да го спремате добро предметот? Некои помошни плус книги/страни ако знаете?
Најдобро да прашаш во темата Медицински факултет, или да си прашаш во деканат за овие изборни предмети од универзитетска листа дали воопшто можиш да ги слушаш. Зашто како шо разбрав од објавата на претседателката на студентското собрание на МедФ, новите генерации мора да имаат избрано определен број на претклинички и клинички изборни предмети, а овие од универзитетска листа не знам како би се класифицирале.
Дали некој од колегите шо беа лани 2ра година ги чуваат снимените предавања од анатомија 3? ве молам пишете ми.
Јас лично учев скоро се од скрипта, со неколку исклучоци кои ги немаше во скрипта, нив ги читав од малиот Робинс. Одлично поминав и на писмено и на усно, а полагав кај “построга” професорка. Мислам дека кај сите професори се положува со скрипта, освен можеби кај Магдалена, за која колеги ми кажаа дека бара Робинс. Кај Башеска нема врска од кај си учела, ако и текне да те положи, ќе те положи, а најчесто ги паѓа скоро сите. Инаку Пато 1 не е многу тежок, јас си го учев редовно од почеток, па немав некој проблем. Гледај да го положиш во јануари, за да пожеш добро да се посветиш на Пато2, тој е поинтересен, ама потежок според мене.
Здраво, ме интересира со завршен медицински факултет кои се понатаму постапките за да се предава во средно медицинско?
Врски. Мајтап на страна, од време на време се отвораат слободни места, секако со договор на дело се додека не најдат некој со партиска книшка и ќе ти ја удрат клоцата. Ова од искуство инаку…
Не сум сигурна ама мислам дека треба да се положат некој предмети на педагошки нешто како педагогија....
Една година работиш како приправник во школо, ти кратат од платата дека си без лиценца за наставник. Во меѓувреме треба да положиш неколку предмети на Филозофски или Педагошки или Факултет за образовни, УГД (мислам некаде од 3 до 5 може и многу се 5). Сите положуваат за пари е работата. После зимаш цела плата, но треба да имаш полн фонд часови минимум 20.
Еве како шо пишал колегата, али јас не ни стигнав да ги положам… ми најдоа партиска замена.. Не треба лиценца.