дали има некој од тука што аплицира за продолжување за трета група за медицина? дека на страната не постои трета група (има само трета група ама само за тие математика хемија смерови) што треба да се заокружи? прашувам за другарка
студентите на медицински факултет што имате книга по анатомија каде што се изучуваат коските, мускулите, зглобовите, може ли да ми кажете дали ја има книгата во електронска форма?
Не знаев дека можело да сме пријавени. Фала ти, ќе размислам на сите варијанти, да видам зимската сесија како ќе поминам.
Колку што разбрав овие предмети не ги слушаш годинава така? Слушаш микро 2, патофиза 2, радио и нуклеарна? Вака те прашувам за да ја знаеме цела ситуација и најдобар совет да ти дадеме.
Јас работам зошто морам, финансиски слабо стоиме дома. Ако финансиски добро стоиш, подобро да си ги спремаш испитите, доволно обемни се сами по себе и тие сега што ги слушаш. Што вика една колешка, сега со празна година на социјалниот живот се посветив, после 3 години конечно да видам и ноќен живот освен да заспивам со книгите. Се си има предности и недостатоци.
Како што пиша членот над мене зависи и како стоиш финансиски. Овој семестар не би ти препорачала да работиш бидејќи патофиза 2 и микро 2 се пообемни и потешки од патофиза 1 и микро 1, а и како што е се со физичко, сигурно многу време одземаат вежбите и предавањата. Фокусирај се на колоквиумите и на јануарска сесија. По јануарска во зависност од тоа што ќе ти остане и дали ќе ти остане за полагање, ќе си испланираш најдобро. Може ако сакаш да работиш или ако од финансиски аспект е неопходно да работиш, бидеќи ќе ти биде слободен и ќе можеш подобро да си го организираш времето. Ако имаш за полагање во јуни ќе си дадеш време тој период да не работиш и да се посветиш на испитите. Но, не заборавај да си посветиш време на себе, на твоето ментално и физичко здравје, како и на социјалниот живот, за да наполнеш енергија за она допрва што доаѓа.
колку колоквиуми и полагања (испити, усмени/практични/писмени, се вкупно) има за имуно? исто така колку страни вкупно треба да се научат?
Mногу зависи кај кој професор ќе полагаш. Бараат логика скоро сите и логично поврзување на работите. Ама кога ќе видиш кај кој проф полагаш тогаш барај конкретно искуство. Така најдобро
Два писмени колоквиуми на заокружување и усен испит (по едно прашање од анализа и практикум и две од материјалот за колоквиум). За страни зависи од што учиш. Куби е обемна ама убаво детално објаснето, имаш и скрипта скратена во книжара со малку понафрлани работи. За усно анализа и практикум.
Dali nekoj gi ima vo pdf dvete skripti za kolokvium 1 biohemija 1 za citoskeletni proteini i ekstrakletocen matriks? Blagodaram odnapred
Сакам факултетот да го ставам во мирување.До недела ми е последна шанса да запишам апсолвентски семестер а немам финансиска можност што би се случило ако не запишам?( на угд сум)