Колеги од прва година. Имам коски за Анатомија за издавање/продавање. Ако некому му требаат пишете ЛП
Конкурсот за демонстратори што е обајвен на страната на медицински дали може да се пријават и студенти од 5-та, 6-та година? Дали нешто од тоа е платено и што точно се бара од демонстраторот (дали се мисли на држење редовни вежби на студенти како асистенти)?
Да, можат треба минимум 180 кредити и просек над 8ка, сигурно дека е платено само колку не знам, демонстраторот држи вежби на студенти
Здраво колеги, дали имате некој совет за првиот колоквиум за прв семестар, поспецифично за анатомија?
Анатомија колоквиум е подобро да се полага во втора или во трета колоквиумска недела? Искуства? Лани го полагав во јануарска испитна сесија, годинава сега сакам да го полагам, не можам да одлучам кога.
Ист ден се во вторава колоквиумска со микро 2, затоа се мислам за во трета да ми е ама па да не е подобро во втора да се полага.
Хмм па не е баш добро да се полага во комбинација со микро, бактерии се доста детални треба време да се спремат, подобро е тогаш во 3та
Да, па затоа, 2 обемни предмети се, си бараат многу спремање. Најверојатно во трета ќе го оставам. Фала ти
Спред мене подобро е во втора, затоа што ќе имаш време потоа да се посветиш на завршниот, во трета некако е кнап. За поклопувањето со микро, ако е единствената пречка, може да предложите, на сите што ви се поклопува да побарате во друг ден да полагате.