Здраво, ме интересира се за првиот колоквиум во прва година, поточно анатомија 1, МИФ и вовед во медицина, дали прашањата по книжарниците за МИФ и вовед во медицина се оние кои се паѓаат на колоквиум и дали сите или само оние кои се за континуирана проверка, секаква помош и искуство се добредојдени, благодарам однапред❤️
Анатомија служи се со атлас и онлајн имаш 3Д атласи. Ако можеш изнајми коски за дома да си учиш, полесно е,но не е неопходно. Вовед се паѓаа прашања за колоквиумот (ама рачунај пред 4 години полагав, може е сменето сега). МИФ мене ниедно не ми се падна од книжарницата што ги продаваат, така да учи си од книга.
Нема такво нешто како положување со прашања на наш факултет. И да ти се посреќи, може на максимум 1 предмет предмет во семестар, не на сите. Мој совет е да си учиш редовно и детално, не се положува така лесно со прашања, а може да учиш/повторуваш од стари прашања од пред 100 години во скриптарите чисто да ти помогнат во повторување. Друго не очекувај од тие прашања.
Фала многу❤️ по предметот вовед во медицина сеуште не е излезена новата книга па затоа имам заблуди помеѓу материјалот што го предаваат и што ќе го има на колоквиум
Вовед лани за колоквиумот спремавме од прашањата да, евентуално прочитај си и од книгата да знаеш дополнително инфо. Миф барем мене не ми се паднаа прашањата од фотокопир ама како што кажаа погоре, добро е да се провериш со нив до кај си со материјалот. Анатомија освен атлас ми помогна и anatomy learning, подобро се учи кога ќе разгледаш пр патот на артеријата од сите страни, ии ако не можеш да се снајдеш за коски, можете групно да одите во вежбалните па меѓусебно да се испрашувате полесно оди меморирањето така
Анатомија обврни внимание на мускули со припои и функција детално да се знае..истовремено учи и инервација на мускули, за да ти е полесно после нерви кога ќе учиш. Морфологија ако не си почнат и немаш сила или време немој ни да учиш, прелесно е и ќе можеш во јануари да научиш за неколку дена (интензивни). Зглобови на памет да се научени..исто како мускули. Васкуларизација научи артерии со гранки, немој пат многу да учиш, само по слики (за да ти е полесно). Вени се лесни и убаво да се научат можат, а и секако треба..лимфи од прилика да знаеш, не обврнуваат толку внимание на нив, и кога испрашуваат усно нема многу повеќе од едно прашање да прашаат. Фасции научи со читање само, не се тешки. Само без стрес и ќе положите сите, не е толку тешко колку што ви е ново. Ако е хаос поракава, прости, учење цел ден малку ги пржи клеткиве мозочни, слободно прашај уште ако не сум јасен во поракава. Потребно е време само...пред спиење и одма прво после будење, повторувај си анатомија во глава...дур одиш на вежби..дур си ги миеш забите.......и тако даље.
Здраво,сакам да прашам дали за прв колоквиум МИФ е доволно да се спремаш од книгата или може да се случи да има некое прашање плус,некое делче поопширно што професорите го спомнувале во текот на предавањето ,а го нема во книга ?
Здраво! Доколку некој ги има анатомија 2 и 3 во пдф фирма, ве молам пратете ми ги. Фала ви многу ❤️❤️❤️
Дали има некоја страница на која се проверува евиденцијата од присуство на предавања (со ова картициве што се куцаме сега) ?