Ако сакаш да се префрлиш од општа медицина на некој друг факултет, би требало да може на некои од сродните пр. стоматологија, фармација, пмф (биохемија и физиологија/молекуларна биологија) или на некои од тригодишните студии на медф. Така би можеле и да ти ги признаат некои од положените предмети.
Здраво, дали некој ја има книхата “ Брза интерпретација на ЕКГ по Дабин “ ? Ако да, дали ја продава или да ми ја позајми само да ја копирам? Фала ви многу
Кај гледате распоред на предавања? Каде можам да видам каде и до колку часот има предавање еден доктор?
Dali arteriite gi prasuvaat samo na nabrojuvanje bocnite granki ili da kazuvas primer za niv i fasciite kolku gi baraat?
Здраво, дали некаде во близина на медф има некоја читална каде што можеме дс учиме во слободно време? Од друг град сум и не знам точно дали има воопшто такво нешто. Додека траат долгите паузи барем да имаме место каде да учиме.. Благодарам однапред.
Јас одев во кафичот Public Room(Јавна Соба) со колеги, ќе нарачавме нешто и ќе седевме подолго. За жал не е баш тишина, често има доста гужва. Друга алтернатива стварно не знам, еве некој од колегите шо се уште студира нека кажи/предложи. Срамота шо од факултетот не се потрудија да обезбедат простор за читална!
Нема читална во близина на факултетот, имаше едно време беше во склоп на студентскиот медицинар али сега на тоа место е модуларната, и никој не се погрижи да направи читална
Дали некој тука знае до каде треба да се учи К1 радиологија зашто прашањево и во генерациска група и сегде е постано мн пати а одговор нема хахаха Секое инфо е добредојдено
Прашање до постарите колеги. Дали има опција да се отсуствува пример од факултет 1 месец поради пракса/обука во друга држава (вон факултетски односно самоорганизирано) а притоа катедрите да не прават проблем за предавањата и вежбите и тој предмет само да се полага или отпосле да се колоквираат испуштените вежби? Имам добра понуда што би сакал да ја искористам но не знам дали можам да го изведам тоа и дали има начин некаков воопшто со некоја молба или било што во деканат што може да се направи?
За артерии прашуваат проекција, бочни, завршни гранки, соодноси, некоја карактеристична анастомоза или структура низ која поминува. За фасции зависи од среќата, ние влечевме прашања, ако извлечеш фасција. Ни лани не беше одговорено, ние се водевме по тоа од генерацијата пред нас: вовед во радиологија, радиолошка физика, торакални органи (стаза, едем, ателектаза, восплаенија, тумори), гит, хепатобилјарен и ургентна радиологија.
Најдобро да си прашаш во деканат. Искрено тешка работа да ти дозволат од вежби да отсуствуваш толку долго, а во однос на признавање тоа уште потешко. Сепак, прашај си за директни и најсигурни информации.
Другари ве молам ако знае некој како се полага колоквиум 1 радиологија? На тест? И дали тестот е со есејски или заокружување?
Ние лани двата колоквиума наеднаш ги полагавме, ако не сум грешка, мислам дека имаше со заокружување и дополнување и пишување, од тип на “наброи методи за снимање на уринарен тракт”, “селдингер метода”, “кои методи не користат зрачење” и сл.