Оценка тек на испит ќе добиеш, на колоквиум не се добиваат оценки, само бодови. Треба да имаш бар минимум и на тестот и на усното, за да положиш.
На кардиологија е, зградата над интерна. Во холот на институти, спроти библиотеката каде што беше порано
Jaс кога полагав, имаше на заокружување и надопломнување мислам, ама одамна беше, можно е да има измени до сега. Имаше зезнати прашања, ама генерално беше океј.
Лани неколку на заокружување имаше и повеќето на дополнување беа, знаеа во детали да навлезат со некои од прашањата, искрено повеќе беше колку среќа ќе имаш со тест групата. Имаше и многу општи лесни прашања нормално, без плашење, ако имаш учено убаво се поминува.
Може, ценовникот за потписи може да го најдеш на официјалната страна на медицински факултет. Спојлер дали мислите дека озбилно некој ќе ви одговори вакви прашања?
Мислам дека не го разбравте, џабе го напаѓате. Сум слушал (сепак сум слушнал, не сум студент нивен, може сум грешка) дека на некои факултети има опција да платиш на жиро сметка ако си отсуствувал и да добиеш потпис по спорт. Легално, не е незаконски ништо, имаат таква олеснителна опција некои факултети, можеби може и за другите предмети, не знам. На нашиов медицински не важи тоа. 500ден било на други факултети или така нешто.
Не бидете арогантни кога некој ви поставува културно прашања.Фрустрации и комплекси не се лечат по колеги на форуми.
На скоро секое соодветно прашање поставено тука е одговорено. Ама на прашања од типот дали се плаќа потпис/испит, дали се паѓаат прашања, не треба да се очекува дека некој ќе даде одговор на јавнодостапен форум. Затоа што секој си сфаќа онака како што му одговара, па ќе избие некој скандал и последиците врз студентите ќе се одразат. Како пример ќе го земам кога тука се пиша дека одреден колоквиум се положувал со спремање на комбинации прашања, дури чинам и тема се отвори како тоа сме полагале и положувале, па обвинувања, објаснувања за што станува збор, дека од надвор се поинаку изгледа, а ние засегнатите ја знаеме реалноста. Конкретно кога ќе се прочита прашањто веднаш се добива лош впечаток, ама кога ќе се прочита објаснувањето на Радлер, малку е поинаку.
Знае некој дали со својата генерација со која си почнал се сликаш или со тие со кои дипломираш? Или по свој избор? Не е за мене, но ми треба информацијава за блиска.
Како сакаш. Голем дел без разлика што сме паднале година ќе се сликаме со генерацијата со која сме си почнале.