Не знам, не студирам таму, сакаше да се слика другарката годинава со нејзина генерација ама нема да дипломира годинава, затоа прашав за да и кажам.
Има ли некој усен испит епидемиологија полагано изминативе 2 сесии да сподели искуство за ние што ќе полагаме следнава сесија.
Совет во врска со патологија 1, кои поглавја е подобро да се учат од Робинс, а кои од скрипта, бидејќи планирам комбинирано да учам и од двете? И во врска со прашањата, дали се од Робинс или од скриптата?
Јас пато1 мислам дека учев се од скрипта, освен една тема нешто за генетски болести беше, неа ја немаше во скрипта. Исто така за испит читав од Робинс неколку страни, мислам дека беа за тумори на крвни садови. Положив и колоквиум и испит (кај проф. Петрушевска) без проблем со 90% учење од скрипта.
Ги гледав сниманите предавања по повеќе пати и ги гледав презентациите, и напоредно читав од скратената скрипта, Кјуби воопшто не отворив. Супер поминав, и писмено и усно.
Имуно најдобро ти е да комбинираш бидејќи Куби како книга е мн зафркната според мене. Скратената скрипта не е доволна бидејќи со неа можеш да решиш да речеме половина од тестот точно но веќе катедрата дава и подетални прашања што не се опфатени баш во тие скратени скрипти. За усното скриптата е сосема океј и не бараат многу но за тестовите добро е да се прочита нешто плус како презентациите , некое видео доколку има и секако плус видеа од интернет во зависност од расположливото време.
Колеги ќе ве молам за совет, како го спремавте колоквиумот патологија 1, дали е на истиот материјал за усно и практично, и колку време треба да му се посвети на истиот?