Патологија 1, ние полагавме онлајн , повекето прашања беа од Робинс , а за усно на крај , го имаш целиот материјал вклучувајки го и оној од колоквиум.. кај некои професори се полагаше и на микроскоп, некои испитуваа само теорија од практикум , зависи кај кого ке се паднеш
Кои изборни предмети би ги препорачиле за наредниот летен семестар, за кои сигурно знаете дека се одржуваат во летен семестар и кај сте поминале убаво? Пишете повеке од 1, колку што знаете.
Прашање до постарите колеги/колешки. Дали е можно да се спремат неврологија, дерма и инфективно за јануарска сесија и дали можеби дерма е подобро да се остави за следна сесија? Имам околу два и нешто месеци за да ги спремам , но не знам дали ќе биде доволно време за спремање (плус учам и интерна заради колоквиумот во трета колоквиумска).
Тешко, искрен да бидам. Тешко е дерма и инфективно во една сесија, камоли и неврологија откако сега пак има усно на завршен испит. Доколку не ти е проблем, остави еден од нив за летна сесија.
Немам најдено прашања на интернет. Ги имам само тие што ми ги дадоа на Радиологија ама премногу се општи и не можев да ги најдам сите одговори на истите па затоа прашав.
Не знам за никакви прашања од Радиологија. Јас кога собирав прашања за испитот за лиценца најдов од интернет околу 1000* од кои едино кои се паднаа беа за правниот дел. Други колеги кои полагаа во други сесии па кажуваа дека речиси се било од нив. Најдов и други прашања од познаници и од месенџер групите но ништо не ми се падна од тоа. *Еве ти ги, 1 мин ми требаше да ги најдам... https://www.scribd.com/document/221163011/Прашања-За-Државен-Испит
Dali znaete dali mozi da se prefrli od opsta medicina ukim skopje vo vtor semestar na ugd medicina ili vo nova godina samo mozi?
Јас не ја купив, позајмив од другарка и ги прочитав само темите што ме интересираа, зашто ми беше доста детално да го учам целиот материјал од таму, а не бараат сѐ. Знам колеги што воопшто Куби не отворија и преслушувајќи предавања супер поминаа.
Фала ти ама не ми врши работа страна на која треба да се претплатам. Ќе се обидам на друг начин. Во секој случај фала ти!
денес бев, прашав за скрипта, ми кажа само за скратена верзија од кјуби. ми ја покажа и самата кјуби книга исто така. кјуби големата е 750 ден а “скратената кјуби“ е 250...дали е “скратената кјуби“ всушност скриптата..? и дали е тоа доволно ?
Да да таа е. Зависи, има колеги учеа од неа и положија, мене не ми беше јасно напишана и не можев да учам од неа