Дали е подобро да се учи за да се положи првиот колоквиум имуно, а колок 2 и испитот во наредните сесии (не во јануарска), или подобро е во тој период да се учи анатомија 3? Затоа што секако безнадежно е да се положат сите предмети во јануарска од 3 семестар нели? Дали се стигнува анат 3 и физио 1 во јануарска, заедно со биостатистика испит. Тука биохемија 1 го исклучувам, посебно откако од минатата недела воведоа усен испит на цел материјал за завршен (би било можно да се положи само практичен?). Секој совет е добредојден.
Јас на твое место воопшто имуно не би го полагала семестаров. И лани беа пренапорни предметите од трет семестар а не па сега кога има и предавања и вежби. Мој совет е во колоквиумските да си се посветиш на колоквиумите по условните предмети, имуно не дирај, а во сесија на прво место анатомија и физио, ако стигнеш и уште нешто од биохемија/биостатистика иако за биохемија не знам не можам да ти кажам зашто не го полагавме усно. За имунологија ќе ти останат уште 5 сесии за полагање во кои ќе можеш и двата колоквиуми и испитот да си ги поделиш
Исто и јас би те советувала, анатомија 3 и физио 1 приоритет, имуно може да почека, август или во трета година, биостатистика ако можеш и ако имаш време, а за биохемија не знам што да те посоветувам читам нешто усно пишуваш, ние писмено бевме, изгледа има промени.
Колеги годинава колку е минималниот процент на присутност на предавањата? Гледаат колку пати сме се куцнале или?
Здраво, малку сум збунета околу стипендиите. Јас имам положено сите предмети од прва година освен 3 и имам просек од 8.2. Дали можам да аплицирам годинава или не? Ве молам за појаснување. Благодарам
Колку што јас сум информирана, може да ти останат само 2 предмети неположени (80% положени испити) за да може да се аплицира
Здраво, дали нркој од постарите колеги што имате слушано имуно онлајн вежби, продавате практикуми без потпис? Пишете ми.
Повеќето копија имаме од тогаш зошто од дома слушавме вежби, тешко да најдете. Тоа време што беше убаво, колку пари се заштедија со копии практикуми по сите предмети речиси зошто бевме онлајн наместо вака напумпани цени оригинал практикуми што бараат за во живо, кои се црно бели исто како копија со разлика на корицата. Како да ако е оригинал сам ќе се научи и положи практикумот.
Можат да те прашаат од основни групи на мускули, поделби, инервација, функција, до функција на најмали лигаменти на стапало, розенмилерови жлездички и слично ама ако имаш научено не е страшно ништо
Пишуваш молба за уверението, ја заверуваш во архива на деканат и заедно со уплатница 200ден. и индекс ја носиш на шалтер