Па имаше пролазност, ма да искрен да бидам многу глупи беа прашањата. Во некои групи имаше ситници, во некои па најпрости работи, така да некако лотарија беше тогаш(пред пандемијата) полагањето.
И со физичко кога бевте беа на заокружување само? Се изненадив Инаку да се согласувам од патологија на клетка само по еден збор што се вели се разликуваа во одговорот, ова од онлајнот.
Online лани, во очи ми падна, тоа што од Башеска прашањата, буквално беа copy paste од делот нејзин, значи истата реченица/пасус копирани скроз. Изгледа така било и физички.
По губење на индекс, како оди постапката? Треба ли да се собираат сите оценки и потписи од почеток или?
Ви праќала хистологија прашања?И дали тие се паѓале? Конкретно за тригодишните прашувам,но секој одговор е добродојден
Јас без никакви врски влегов, имав добри поени, и ме примија во државна квота. Ако имаш успех, и уште поважно, ако извадиш добра матура, ќе влезеш.
Дали некој знае колку се запишуваат на медицински факултет и дали е навистина многу голема бројката на обиди за упис на медицински факултет на УКИМ?
Доколку имаш желба да се запишеш општа медицина во Скопје, витално е екстерните предмети од матурата да ги направиш со средни до јаки 5ки. Доколку успееш големи се шансите да имаш доволно поени за да се упишеш покрај масовната конкуренција (примаат 200, а оваа година беа пријавени 420)
Mozhe sovet od postari kolegi bidejki neznam kako da ja organiziram sesijava, dali e podbro anatomija 3 da se polaga sega ili site drugi predmeti sega,a anatomija sledna sesija?
Увек тргајте ги најголемите и најбитните предмети прво, па после другите сами по себе ќе си дојдат. Ова и за понатака важи.
Јас би ти препорачала анатомија обавезно да си ја полагаш сега, и уште нешто ако можеш супер (физиологија на пример), зашто тоа ти се клучните предмети од овој семестар.