Колеги, дали патологија 1 сите ќе полагаат усно после терминот за колоквиум по патологија 1 во јануари или тие што би го имале положено колоквиумот во декември ќе полагаат први?
Лани сите полагавме после датата за колоквиум. Тие што имаа положено во колоквиумска, оставаа пријави малку порано (имаше датуми), а тие што полагаа колоквиум во сесија, оставаа пријави одма после излегување на резултатите (мислам истиот, или наредниот ден), за набргу после тоа да излезат списоци со професори. Немаше врска кој кога положил колоквиум, сите полагавме тогаш, и со професорот се договаравме за термини…
Колку време го спремавте завршниот усен дел за патологија 1? И дали е доволно од скрипта плус робинс некои делови?
Постари колеги, и колеги кои сте сега 4та година, што мислите, дали ми е попаметно да полагам испити дерма + инфектологија, или дерма + неврологија сесијава ( плус имам и фарма завршен, кој ќе го полагам 100%) ? Колоквиумите до сега ми се положени. Не знам дали покрај дерма, да полагам невро или инфектологија...
Колегите кои имаат положено патологија 1, доколку може споделете искуство, на кој начин се одвива усното и од кој тип се прашањата, чисто да имаме претстава додека го спремаме материјалот
Јас полагав кај проф. Петрушевска, полагавме во сала, не прашуваше на тие макроскопските препарати, не нешто детали или страшно, туку да го препознаеш препаратот, па потоа во склоп на тоа, не прашуваше плус. Пример едниот препарат кој ми се падна мене, беше тумор на мозок, кажав дека е тоа, па потоа ме прашуваше теорија за тумори. Сакаше логички да одговараме, и прашуваше логички прашања, ама генерално супер полагање, не беше страшно, и сите добро поминавме. Прашуваше и од колоквиум, а мислам дека и сите професори прашуваат, така да, не се ослонувај само на материјалот за испит, повтори сѐ. Микроскопски не полагавме ние лани. Јас учев воглавно скрипта, само некои теми што ги немаше во скрипта, ги читав од Робинс, и сосем доволно ми беше за кај професорката.
За неврологија не можам многу да ти помогнам, оти наша генерација го полагаше само како тест и беше многу лесен испит. Јас лично не стигнав да ги полагам дерма и инфективно во иста сесија, бев многу изморен од претходната сесија и си дадов време и направив грешка шо и понаредната сесија не ги средив. Доколку сите предмети ти се учени или сметаш дека си спремна да ги полагаш, прилагоди си во однос на то како ти одговара распоредот, да не ти се еден по друг. Реално гледано сите 3 предмети се обемни и не ти менва многу.
Сетила на усното анатомија 3 колку ве прашувале? Повеќе се посветив на материјалот за писмениот испит, за сетилата некако времево ми е кнап. Од писменото до усното има неколку дена растојание, дали таа една недела би била доволна за сетила да се спремат детално за положување? Ги поминав и сега, само на органи и цнс сум повеќе фокусирана, зошто нели на писменото многу детали бараа.
Мислам дека ќе ти биде доволна таа недела за сетила, ако останатото ти е убаво спремно. Јас лично ги научив пред тестот а после само ги повторив. Прашуваат средно и внатрешно уво, солзен апарат, обвивките...
Mене многу малку ме праша за сетила, баш памтам за око само ме праша да ги набројам тие слоевите и толку, колку да се рече дека ме прашала нешто.