На писмениот дел анатомија 3 се е за детално надополнување исто како колоквиумите за анатомија 2? Или даваат и есејски? Колку време се решаваат двата теста и дали е доволно за решавање или да се спремаме за брзи прсти?
Јас кога полагав, имаше на заокружување, надополнување, и по три есејски за органи, по три за ЦНС. Времето не беше баш долго, кнап би рекла, ама се стасуваше да напишеш, без да имаш многу време за проверки. Не знам дали ќе бидат поинакви тестовите од годинава, гледав нешто анатомија 1 по друг принцип полагаа…
Доволно ми беше лани времето, 1 час имавме, презапишана сум, затоа полагам и годинава. 6 есејски имавме (3 цнс, 3 органи) + заокружување и дополнување. Есејските дури најлесни ми беа, другите потешки и подетални ми беа. Годинава не сум прочитала да пишат дека ќе се менува нешто тестот, не би требало, најверојатно исто ќе ни е. Освен ако не ни кажат понатака нешто.
Искуства патофиза 1 и микро 2 за завршниот испит? Патофиза 1 ме интересира и за писмениот дел и за усниот испит како сте поминале.
ПФ тестот е како и тие за колоквиум во однос на тежина, типични логички прашања, ако си го сфатил материјалот, ќе го решиш тестот. Јас лично памтам дека кога полагав, таа сесија имав еден куп предмети, па не го имав спремено баш нај нај, ама реков ај ќе пробам, и го решив и положив, не е тешко, повеќе логички е тестот. Усно полагав кај Маневска, супер беше, влечевме прашања од тие испитните, сакаше логички да одговараме, не на памет да раскажуваме. Памтам јас извлеков за хеморагичен шок, и ме праша да ја раскажам накратко вежбата, без бројки и детали, и теорија ме подпраша за шок, што е шок, причини и сл. Јас лично теорија повторив само некои лекции, тие за протеини што беа мислам, ама спремна бев за колоквиумите, и го памтев материјалот, и доволно ми беше. Микро полагав кај Кафтанџиева, супер поминав и таму, ми се допаѓа начинот на испрашување на професорката, си бара логички, и мислам дека не ме праша од колоквиумите нешто..
Дали на писменото патофиза 1 само од практикум работи се паѓаа? За усно имаме наведено неколку тематски единици од книгата, ќе ги повторам тие убаво за усно значи.
Мислам дека да, со оглед на тоа што јас супер поминав, а теорија не повторив освен протеини. Ама мислам дека тие наведените теми е добро да ги прочиташ и за писменото, и онака се логички прашањата, може да ти се најде многу теоријата.
Здраво, јас ја имав оваа ситуација со испити и најискрено ќе ти кажам да полагаш инфективно. Бидејќи невро иако има сега усен испит не е ништо спектакуларно тоа. А инфективно се обемни, проф бараат и тоа како убаво да е научено. Мој совет е да пробаш да полагаш инфективно и фарма. И плус невро ако стигнеш пошо лесно се поминува материјалот (за недела и пол си скроз спремна за невро). А инфективно мене ми требаше месец и нешто, фарма душата ми ја извади. Пошто дерма е обемен ќе ти треба посебна концентрација за него и можно да не постигнеш нешто од фарма или инфективно.
Читај од големата ама пример некои поглавја види ги и од малата. Бидејќи мислам дека проф од УКИМ ја имаат пишувано и знам дека нас на тест прашањата ни беа од малата книга. Читни од двете лесно е стварно се повторуваат работите
Здраво, дали може некој од постарите колеги да сподели искуство за полагање анестезија, гинекологија и хирургија усен испит. Фала ви однапред
не мислам сигурно... темава мислам прв пат ја отварам, и пишувам не ме држете за збор доволно ми беше една страна шо прочитав.. една недела учење за некое сетило таму? ноу ноу
Здраво, анестезија учи од книгата плус од интернет за постапките. Секој проф си бара убаво научено ама не е нешто особено тешко за положување. Мене ми беше најтежок испит за спремање и дипломирав со него. Гинеко е лесно, барем мене ми беше. Се на се учење 2.5 недели ми требаа. Учи од таа преведената книга. Хирургија е обемно и доста зависи кај ќе се паднеш. Учи од книгата што е специјална хирургија или како и да се викаше. Се на се, ако почнеш да учиш денес/утре ќе стигнеш да спремиш