Здраво,сакам да прашам Промоција на здравје од каде да се учи,колку прашања се паѓаат и какви(есејски,заокружување)?
@Идемејако лани ни оставија за испит еден дел околу 20 страни беа во копирница и испитот беше со 3 есејски од тој дел. Колоквиумот од книга Промоција на здравје и презентации и беше на заокружување и дополнување.
Истото ме интересира и мене, јас полагав еден изборен но не отидов да земам оценка ни во индекс ни во iknow, сега веќе имам исполнето 3 претклинички, тој ми е вишок
Јас имам 4 изборни претклинички со земена оценка ама еден ми е 9 и сакам тој да не ми стои во дипломата. Ќе земам уште 2 клинички понатаму. Дали има некоја опција ако имам повеќе изборни, на крај да одберам кои 5 да ми ги пишува во дипломата? Како да сум слушнала дека вакво нешто постои. Или морам да го поништувам? Во служба секогаш се нерасположени, а и далеку сум од дипломирање, па не сум прашала. Да не знае некој?
Има опција да избираш, кога ќе дипломираш ќе им кажеш кој да ти го тргнат. Ако се во добро расположение може ќе ти средат и пред тоа.
Како знаете кој е клинички кој е претклинички инаку? До 4 година кој се си го запишал е претклинички или се гледа од катедрите? Изборни од социјална медицина како се водат клинички или претклинички? Зошто имаат предмет и во 5 година, а имаат и предмети што држат во 1 година пример. Ме замисливте вака пред спиење.
Ќе ја отвориш предметната програма за сите изборни. Има цел фајл од 100и кусур страни или колку и да е. Ако на предметната програма стои дека се одржува во 1,2,3,4,5,6 семестар е предклинички. И од 7-12 семестар за клинички. Вака ти е најсигурно, за да не те бунат наслови или катедри
Овој ми е слушан во трета година, во iknow ми стојат сите изборни 5-6 семестар, а во програмава е вака, како за шеста година. Значи овој да си го бројам како клинички сепак?