Здраво, моментално сум трета година средно и навистина сакам иднина од медицински факултет или пак астрофизика(знам две разл подрачја ама ете во тоа е мпјата страст). Дали може повеќе совети? Како е таму, како е со пракса, како со теорија, дали е навистина толку многу тешко? Како се снаоѓате, како се полага моментално? Ви благодарам многу.
Тешко е за упис пред се, полагај прво матура и ќе видиш дали може да се запишеш. Напорно е, долг и тежок пат, треба многу упорност и истрајност. Запиши само ако стварно си спремна да дадеш максимално од себе минимум 6 години од животот за да се посветиш на факултетов.
Факт е дека факултетот е напорен, и бара посветување многу, особено до трета година, ама индивидуално е како ти ќе го доживееш тој напор и тежина, секој различно е истраен и упорен. Јас лично, и сто пати да треба да се запишувам, пак ќе се запишам тука, го сакам факултетот, и покрај сето учење, стресови и нервози, си има и убави работи.
Според ова во програма да, ама за секој случај прашај на студентски. За да не треба да менуваш изборни и шеста
Дали во 2ра година сега за летен семестар може да го запишам комуникациски вештини или да ми предложите предмети кои се положуваат со семинарска?
Во iknow запишав само семестар без предмети т.е празен семестар. Прашав во служба пред некое време и ми рекоа 3000 денари се плаќало за празен семестар. Само тој надомест е веројатно? На уплатницата иста се плаќа како сума за семестар редовен што сме плаќале, на таа трансакциска, се исто би требало да е? Има некој тука што имал празна година/семестар додека чекал услов да положи, да каже за најсигурно? Претпоставувам дека е на таа уплатница ама да ми каже некој што плаќал веќе така најубаво.
Фала Фрида. Се купуваат и листови за заверка и упис на семестар пак, само тој за упис речиси празен ќе се предаде? Во индекс празен семестар се пишува на тоа кај што пишуваме со римски броеви кој семестар ни е? Поупатен бев кога првпат семестар запишав од сега со празниов, збунувачки ми е.
Епидемиологија важи 6 сесии, така? Дека ми излезе пак да го запишувам на iknow, па да проверам да не се сменило нешто?
Да, може. Со семинарска ти се право и јавно здравје, здравје на мигранти, стратешко планирање (не го знам точниот наслов од проф. Фимка е), од биохемија овие беа со семинарски, од анатомија исто (мислам за нив положена тројка требаше), 6 е
Многу, не дека нема за учење, ама материјалот е поинтересен и брзо се чита, а и самото тоа што не си под стрес за услови, е доволно за целосно да ти е полабаво.
Уште само 6 положени услови и ќе го дочекам и тоа конечно. Убаво е да се слушне дека конечно стресот ќе биде намален.
Да, исто ќе си купиш за заверка и за упис листови, а во индекс ќе ти пополнат при упис не мора ти ништо да пишуваш