Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Вака,ВЕ МОООЛАМ ЗА ПОМООООШ !!!! :( :( :( . Јас сум сеа 2ра средно мед.-сестра и иааам големи дилеми за понатаму.

    Како прво, сеа ќе треба да избираме изборни за 3та.Јас сигурно се одлучив за билогија и хемија пошто понатаму сакам да идам на Општа- медицина.
    Како второ, планирам за матура да полагам македонски, англиски, билогија и информатика( бидејќи брат ми завршува Електро и има огромно знаење од оваа област,и тој ми вика да полагам инф. пошто он ќе ме спреми)
    Како трето, прва ја завршив со просек 4,80( имав 4ки по историја, математика и англиски) и сега многу ме фаќа страв за понатаму..дали ќе успеам да се запишам на Општа медицина во Ск, разговарав со мајка ми и за во Штип, ама не сака да ме пушти во Штип.
    Како четврто, јас имам многу голема желба за медицина и стручните предмети ги разбирам и ми се 5ки освен сеа патологија ми е тешко и иам 3ка. Многу ми е страв како прво од запишувањето, дали ќе ме примат, како ќе биде понатаму, испити ова она...
    Досега не ми беше страв од темава, бидејќи бев сигурна за средново медицинско дека ќе успеам, но како поминува времето се повеќе ме фаќа страв од факултетов, бидејќи средново неверојатно брзо ми поминува и еве здравје боже во септември сум трета год.
    Ги гледав и предметите на страната на факсот, и не знаам, не можам да престанам да мислам на ова, што како ќе биде. СИте ми викаат дека премногу размислувам за темава и многу ми е мачно. ВЕ ЗАМОЛУВАМ ПОИСКУСНИТЕ КОИ СТЕ НА МЕДИЦИНСКИ-ОПШТА ИЛИ ТУКА ИЛИ ВО ЛП ДА МИ ОБЈАСНИТЕ СЕ КАКО ИДЕ, зашто главава ќе ми експлодира од мака. ве молам за што е можно побрз одговор :worried: :worried:
     
  2. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Го делам твоево мислење и ја сум 2 и не знам во дилема сум меѓу биологија и хемија и биологија и хирургија.. сакам да продолжам општа медицина, општ лекар... некој совеееет? :?:
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.045
    Допаѓања:
    81.428
    Пол:
    Женски
    За на општа медицина во секој случај ви треба висок просек и ако вкупните поени и од матура и од успех ви се под 95, реално мислам дека немате баш големи шанси во Скопје.
    Таму секоја година се води тешка битка за местата, без разлика дали се работи за државна или приватна квота.
    Не сум на медицина, ќе речете со кое право ви пишувам овде, ама верувајте, речиси половина од моите блиски другарки се запишаа на општа медицина и знам како одеше работава со поените.
    Секоја следна генерација има подобри поени и тешко е, а и подобро за вас да имате појаки поени. Во спротивно, навистина не знам што да ви кажам - пробајте си ја среќата, ама убаво осмислете дали имате шанси, зашто познавам и такви кои трубеа дека немало врска тоа со поените, па ете сега откако им ги вратија документите од медицински, поради „гордоста“ што не се запишаа во Штип - учат нешто колку да не се без ич.
    Имаше голема конкуренција и во Штип, а пак имаше многу одбиени. Е, разликата беше во тоа што тука скалата беше малку попуштена, влегоа ученици и со послаб просек, ама имаше многу одбиени. :)
     
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Да , во право си сосема. Јас уште од мала имам зацртано дека сакам општа медицина па понатака за специјализација тогаш ќе одлучам , бидејќи се двоумам уште . Инаку до сега ми оди мнг добро , сите ми се 5 , а и самата медицина бара мнг учење и се надевам дека ќе ми оди волку добро како до сега :) Само се двоумам меѓу изборните, што би ми требало за на факултет повеќе :^)
     
  5. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Голема е конкуренцијата во Скопје, и само просек 5,00 и една до максимум 2 четворки на матура ( со висок перцентуален ранг ) може да ве уфрли во игра. А од изборниве не се преоптеретувајте , ништо не ви треба посебно не биологија, се се' учи од почеток, од најситен атом и честичка и тоа во тешки детали, едино гледајте ако не ви оди хемија на тоа посветете се зашто после за втора е условен а нема време за спремање, па многу тука глават :)
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  6. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166

    Срценце еве јас сум 1 год општа медицина во Скопје. Морам да ти кажам дека има многу голема конкуренција. Јас едвај влегов и тоа само заради двете 4-ки англиски и македонски на матура. Просекот од средно ми беше 5.00
    А имам цимерка исто 1 год на општа, таа имаше две 4-ки од средно, ама македонски на матурата имаше 5-ка со висок перцентуален ранг, а англиски 4ка и . Ти треба висок просек за да влезеш на овој факултет.
    Во државна квота беа само со 99 и 98 поени. Последниот во приватна беше со 92поени.

    Гледам дека сакаш да полагаш информатика. Јас би ти препорачала биологија и еден од стручните предмети, бидејќи си средно медицинско. Јас бев гимназија и полагав биологија и хемија.
    Затоа што ако избереш информатика, тој е несоодветен предмет и ќе ти скратат 5 поени од вкупните поени што ги имаш.
    Еве ти линк овде пишува за тоа кои предмети треба да ги избереш на матура.
    http://www.fakulteti.mk/Documents/Upisi ... 2-2013.pdf

    Инаку во Штип примаат со помал просек. Со 80 и нешто си во државна квота.
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Па и јас тоа се мислам, дали хемија дали стручен.. ми викаат дека ако не одберам хемија после на фак. ќе ми било тешко зашто имало и биохемија и мед хемија и баш проф тоа ни рече, ако праиме пауза од 2 год после нема да можам да се снајдам, а некако не ми иде баш ама не сум ни мнг лоша.. уште н езнам..
     
  8. Lejly

    Lejly Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Јас сум втора година на општа во Скопје...Стварно е тешко за запишување.Имав еден другар,5.00 беше првенец во класот,но на матурата извади две четворки со помал % ранг и го одбија :^) Тоа е првата препрека...а понатаму што те чека тоа е друго.Ако си упорна,ако си учиш и подготвена си цел ден да го преседиш на книга,значи си подготвена да студираш медицина.Ем башка што секоја година имаш условни,па ако утнеш си квадрираш.Напорно е,но ако тоа ти е желбата биди упорна!За предмети мој совет ти е да си одбереш биологија и хемија(барем тие беа мој избор).Можеш и еден стручен-хирургија на пр. и биологија(или хемија)... Биди истрајна во својата желба ;)
     
  9. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Не се секирај, ќе се снајдеш и без хемија ( и мене ми го викаа истото па јас не избрав хемија од инает :P )
    Пак се учи хемија се од почеток, јас конкретно бев дудук хемија па седнав и си научив. Едина разлика беше тоа што ако мене ми требаа 3 недели , пример , да го спремам испитот, на тие што им беше познато и имаа учено хемија го спремија за 10 дена.Од тој аспект ви давам совет да идете на хемија ако сте решени за мадицина ;)
     
  10. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Сакам да ги прашам они коишто учат на медицинскиот факултет дали имаат предмет латински јазик или не?
     
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Нема таков предмет. :)
     
  12. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Имал некој искуство со Љубе патологија ?
     
  13. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11

    Да за тој смер. Ама јас учам во борис - правен смер, што значи немам допирна точка со медицината, немам ни еден предмет поврзан со медицина.. :|
    И сега ме интересира некој ако знае или уште поубаво бил како у мојата ситуација па дали ќе треба да полагам некои предмети за да ме примат ? Имам ли воопшто некакви шанси..? :( :doh:
     
  14. Lejly

    Lejly Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
     
  15. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    Lejly си ме цитирала а ништо не си пишала, грешка некоја ? :D
     
  16. Lejly

    Lejly Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Ахахахах,некоја грешка.Пишав,ама изгледа нешто се случило :lol: Сакав да ти кажам да си прашаш на медицински најубаво,само тие знаат како да ти помогнат.Прашај си побрзо,зашто не е рано,треба на време да знаеш што ќе правиш :!:
     
  17. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    Тоа и планирав, ќе одам деновиве. :)
    Како и да е, фала. :*
     
  18. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    Медицинарки ај некоја ако сака да ме просветли.. :$
    Ќе одам утре на медицински да се распрашам па ај некоја од вас што студира тука нека ме упати каде и кај кого да се обратам за подетални информации.. :/
     
  19. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Вака, мене ми е уште рано да размислувам за факултет али сепак да прашам..
    Ќе може ли, ако знаете, да ми објаснете како оди процедурата за специјализирање хирургија? Значи, сакам да завршам прво медицински а потоа да специјализирам за хирург. Ако може некои детали да ми кажете во врска со ова.. :)
     
  20. luliu

    luliu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Сакам да прашам дали на медицина има специјализација психијатрија. И доколку има,ако може некој да ми објасни нешто повеќе :)