Девојки логопеди во петокот имавме на судска анатомија со една професорка со светло кафеава коса до рамена која цело време се лигавеше. Предава со едно сијаличе на презентацијата и само се врти кон студентите, им свети во лице и прашува што кажала. Знае некој како се вика професоркава, строга ли е?? Какви се колоквиумите испитете по анатомија, тешко ли е??
КАКО ТАКА ТИ СВЕТИ СО СИЈАЛИЧЕ???Ако фантазирала да биде општи лекар и да ти свети у грло слободно нека си замине од професорската дејност има многу што плачат да бидат професори и тоа добри,стабилни професори а не светулки во предавална .
А ти мислеше оти има некој нормален професор на факултетов? Т.е., да, има, не дека нема, ама тие се 1:30 да речеме, така да, ќе се навикнеш со тек на време, ќе видиш што е и како е.
@zaki96 @NOVAVON Како тоа го направивте светењето со ласер како со оружје да ве тагира. О.о Исто со прст како да покажува. Мора да се преувеличува, нели?
Јас не гледам преувеличување во мојата одбивност некој да ме посочува со светилка ако сака и декан нека е. Може да се реши тоа многу по академски со прашување кој би сакал да го повтори тоа и тоа? Со самопријава, дигање рака итн. а не со светење и посочување ај ти. НЕ сме во Наци логор!
А во средно кога ќе ти кажеше професор ајде ти, тогаш што правеше? Буквално и тука е истото, не е битно дали со прст ќе те покаже, дали со ласерчето, дали со прачка доколку во моментот тоа држи в рака. Најнебитно е што ќе пружи кон тебе за да те посочи, а верувај дека е многу подобро да ти предава и одеднаш да бара некој да ја повтори, за да се осигура дека ја слушате, отколку да мрчи и да се придерава, како што понатаму ќе наидуваш и на такви случаи, кои наместо да ти предаваат знаење, ти ја полнат главата со секакви други глупости. Мој најдобронамерен совет ти е да не бараш уште од прва недела маани, де ова не ти чини, де она не ти чини, зашто понатаму ќе ти биде многу потешко.
Јас не сум имала предавање кај оваа професорка. Лично не барам мани. Зошто најискрено имам работено по средно и се запишав зошто гледам кај нас како е. Гледам со мирно-фино ако имам среќа да минам 3год. од студииве и ако имам уште поксмет подалеку од тука. А не сум размислувала вака, но животот ме научил никогаш да не велам никогаш дури и на тоа што мислев никогаш нема да го помислам/планирам. Ама да не одиме офф. Ако планира да ме свети тоа неа ја опишува што академски профил е.
Според тебе како треба да те посочи, кога не ти го знае името на пример а на една клупа сте збуткани минимум 10 души? А и ко што сфатив, не свети у очи со ласерот па толку да си напиздена.
Јас пак да не се повторувам, нит сум имала предавања кај ваква професорка, нит сум како пиша ''напиздана''. Несакам да одам офф, не е моја работа како таа ќе прозива само знам дека да ме свети некој дал во очи, дал во тело или глава не е академско однесување. Ако ми се случи почесто да ме посочува ако во иднина би ми држела предавања по час би ја замолила да не го прави тоа, би и се претставила или би носела беџ со мое име ако сака да ме прозве да ме именува. Јас мислам иако сме студенти луѓе сме со име а не предмети да не посочуваат со ласери, пенкала,клучеви пари итн. Инаку да и во средно се имало ова случувано, главно класната, постара женичка неможеше дури идо 3та да не запамти сите по име и и текна да светка со ласерче, за кратко и се расипа и толку беше, главно по број не прозиваше од дневник.
Значи стварно претеруваш искрено. Океј е твоето мислење, се согласувам дека не е академско однесување, но добредојде во реалноста. Ова не е забавиште, ова не е средно. Ова е факултет. На факултет ние студентите сме никој и ништо и треба да го прифатите тој факт. Што побрзо, тоа подобро за вас. Професорот може да прави што сака на неговото предавање, може со што сака да те посочува како сака да ти се обрати, често пати зависно од типот на професорот и да те избрка од предавање пред аудиторуим (конкретно на општа) од 150 души и ништо не му можеш баш од причина што си никој и ништо на факултетов, а он е над тебе. Хиерархиски е така. Не би ти препорачала таков тип на однос како горе болдираниот, ако не сакаш да "изгориш" на факултетов. Сепак се работи за авторитет за кој баш и не сакаш да те запамтат во таква слика. Не зборам конкретно за Зафирова, општо за професорите бидејќи Биљана е една од пофините проф а ќе се сретнеш и со хорор професори. Добронамерен совет.
Колешки од други смерови што сте да ве прашам дали сте имале Мед. Етика? Еве веќе втор ден професорот како не доаѓа на предавања. Што му е проблем? А прв колоквиум ни е од тој предмет.
Сме имале. Не му се замарај. Ги дава истите прашања веќе со генерации уназад, и истите прашања се и на тестот за колоквиум, и на тестот за испит, фактички два пати истото ќе го полагаш. А додуша не ни мораш да полагаш, пак ќе те смета за положена, зошто не ги прегледува тие тестови, него си ги дели студентите по купчиња, еден рандом лик ќе има 10ка, а после едно купче ќе се 9ки, едно 8ци, едно 7ци, па каква среќа имаш да се паднеш во некој куп таква оценка ќе имаш.
Не. И кога ќе дојде не оти предава, си раскажува за неговите патешествија низ Франција и каде ти не, и за разно разни случки што врска си немаат со предметот. Буквално ова не го ни рачунај како предмет.
Девојки, а промоција на здравје, треба да бидам загрижена или не за полагање? Пошо на предаванја се ми се гледа од општа култура, ама некако во книгата ко да има за бубање многу, како се поминува кај неа, проф, Елена Ќосевска?
Ги имаш у книжара кај Жетвар. побарај само прашања по етика. Имаш и прашања анатомија и промоција на здравје.
Ми треба совет, јас навистина не знам како да учам анатомија, пробав со вадење белешки, со цртање коски, со атлас, со јутуб видеа, со се можно што ми текна, ќе научам и следниот ден кога ќе земам да повторам бувално ништо не ми текнува се губам во коските а да не правиме муабет ако имам коска пред мене воопшто не се снаоѓам да и ги најдам деловите.