Не е во пензија она. Само Пановски отиде во пензија од таа катедра мислам.. Што те прашуваше од материјалот, се сеќаваш нешто? Да знам на што да се фокусирам, како прашуваат за микро 2.
Професорката даде да си направеме концепт на лист. Не знам како полагате сега, јас полагав завршен паразитологија усно и плус имавме практичен дел, пола практикум. Ми се падна Entamoeba hystolitica и на другата не се секавам ама знам беше последна или мегу последните и беше една страна, неколку реченици и не ја ни прочитав -си кажав нема шанси тоа да се падне. Најчесто се пагаат една амеба и еден црв. Те исчекува да раскажеш, не навлегува многу во детали, може да те праше потпрашање ако заглавиш, ама не поставува многу. Ама сака да ги знаеш сите прашања барем да знаеш да кажеш нешто. А до практичен дел не стигнав, ама колешката пред мене добро помина, не ја прашуваше многу потпрашања.
Кафтанџиева не, само кои се најчести причинители на интрахоспитални инфекции, во склоп со вежбата од практикум.
Јас епидемиологија полагав во иста сесија со инфективно, вака прават повеќето колеги, бидејќи делот што се однесува на болести горе-долу е ист. Спремајќи инфективно ќе ти биде спремен поголем дел од специјална епидемиологија. За општиот дел брзо се спрема и имаше мислам помала скрипта со најбитните работи за секое поглавје. Последниот дел за хронични болести, малигнитети и сл. е познато од патологија, интерна медицина. Сè на се не е толку тешко, а и ќе се распрашаш меѓу постари колеги во зависност кај кој професор ќе се паднеш што најчесто бара на испит. Јас полагав кај проф. Ирина.
Дали работат студентски? Сакам утре да земам потврда за редовен студент да си ја продолжам картичката од ЈСП, дали има шанса да ме вратат од ЈСП, дека нели уште малку и ќе треба нов семестар да запишуваме?
Работат студентски од 12:30 мислам дека. Jас денес бев да ја продолжам картичката во ЈСП и не ми направија проблем
Хелоу, сакам да прашам некој што има полагано испит хемија, дали памтите отприлика конкретни прашања што ве прашале?