Имал ли некој искуство или пак знае дали би правеле проблем микро катедрата доколку го однесеме покасно индексот за потпис?
Некој од постарите колеги што ислушал и положил Патологија 2 да сподели некакво искуство на што обрнува внимание Башеска на усно и/или какви прашања дава на писмените тестови од делот за дојка / гинеколошка патологија. Имаме друг предмет кој не е баш патологија ама проф. си предава и тоа па ме интересира дали има дел кој го фаворизира , нешто што е круцијално да го знаеш и највеќе прашања се од тој дел пример цервикална интраепителна неоплазија? Дали многу го тупат со овие абнормалностиве на епителни клетки , атипични сквамозни клетки , абнормалности на жлездени клетки и други суб-класификации бидејќи ми е ту-мач да го читам а знам дека дава прашања исто како од презентацијата. Некој совет како ги учите нејзините делови пошто реално сите други професори имаат пократки и поконцизни презентации ама нејзините ми се да се изгубам низ материјалот. Исто и за дојка дали обрнува внимание на бенигните епителни лезии или на карциномите повеќе човек да не знае што да прочита попрво. Btw, не сум општа медицина ама презентацијата сигурен сум дека е една за сите.
Јас кај Башеска имам полагано, и никој не знае да ти каже конкретно што прашува, бидејќи може да те праша буквално се, и од колоквиум, и од испит, стварно не се знае кај неа. Го тупи со терминологија, сака секој термин да го имаш сфатено и да знаеш што значи, а инаку вака во однос фина е. А на тестот, од делот за дојка, кај нас буквално имаше делови извадени делови, копи пејст, и да дополниш пример.
Тешко нас... за како некој што нема слушано патологија во детали овие презентации од Башеска се како 10 отскочни даски. Учам а не знам што учам XD
Колеги доколку можете споделете искуство од усните испити микро2 и пато1, кај кои професори сте полагале, кој тип на прашања имавте и на што повеќе да обрнеме внимание
patologija 1 polagav kaj prof.Rubens.. isprasuva 4prasanja od teorija i 3 od praktikum (ili obratno, ne se sekavam tocno) ..prekrasno polaganje, prvo raskazuvas toa sto imas da kazes, te nadopolnuva, te potsetuva .. i dokolku na nekoi blic prasanja kiksnes, ti postavuva uste edno extra ( za ako sakas 10ka) .. sekoj sto polagal kaj profesorot e prezadovolen
Јас полагав кај Проф. Петрушевска. Прашува од материјалот за испит најмногу, едно прашање е од материјалот за колоквиум. Најчесто нешто од скриптата на Башеска. Предобра Проф. Сите со полагале кај неа се задоволни. И ако знаеш секако и убави оценки дава
За земање оценки од патофиза катедрата уште е термин секој први понеделник во месецот? Ако ја имам само електронски оценката, а во индекс ја земам на пролет, нема да прават проблем за упис дека последна сесија му е на пф1? Никако да стигнам да го однесам индексот натаму, се за нешто друго ми треба, а и сега нема да можам во февруари да го однесам..
Здравоо, сакам да ве прашам искуства за анатомија 1. Ги имам паднато сите колоквиуми и сега за поправен ги пријавив 3те а сакам само 2 да спремам. Нога со или рака или глава. Не знам што е попаметно. Ако може мислења и искуства од постарите
Да, стандардно е тоа за патофиза, за упис нема да имаш проблем важно на едно место ти ја има. Ќе се цитирам неодамна пишав на друг член. Како што имам пишано посигурната опција е подобра, односно да полагаш онолку колку што имаш 100% спремно, ако тоа се 2, подобро да одиш на 2 сигурни, отколку на 3 недоволно спремни и да ризикуваш, па да се случи ниту еден да не положиш. Затоа што анатомија е, треба да ти е убаво спремен материјалот за да положиш, особено за тестот. Во твојот случај, ако нога ти е најспремна, јас би ја комбинирала со глава од причина што посвеж е материјалот од декември, а и пообемна е, па да се решиш што побрзо од неа. Ама сепак зависи од тебе, односно што ти е тебе подобро спремано за колоквиум и во моментов кој од нив ти е подобро спремен.
Фала ти премногу, но јас 3те ги пријавив веќе, нема 3 да ги спремам не знам зошто и ги пријавив дали нешто губам така ако отидам со пријавени 3 а не положам 3 туку пример еве 2, ќе ми ги важат ли?
Зависи колку ти се учени, и кој дел ти е тебе полесен. Ќе ти ги важат, не мораш сите 3 да ги положиш за да ти се важат.
Сигурно во колоквиумска ти се учени, сега 2 спреми убаво, третиот може да го полагаш чисто да не ја губиш шансата, да видиш што прашања даваат, па за следна сесија да знаеш
Мислам дека не беа скроз сите вежби, имаше испитни. Јас влечев вежба (не се сеќавам дали една или две), и професорката ми даде и ЕКГ и од тоа ме праша нешто, мислам да покажам некој забец, и ме праша како се прикажува миокарден инфаркт на ЕКГ. Мене не ми побара електрична оска, но знам дека другите професорки барале.