А дали бара детално, пример дали прашува ситници од тип на клетки? Знам дека важи за коректен професор ама сепак некаква претстава да добиеме за полагањето
Генерално се може да ве прашаат, но си има секој проф прашања кои почетсо ги прашува. Магдалена сака подетално, убаво да е научно, но наградува знаење. Рубенс е полабав и нема никој што не го има пофалено после полагање, многу коректен проф. Обрнете внимание кој што предавал, секој си го сака својот дел. Општо нашава генерација практично сите со теорија само поминавме, препаратите од практикум само теоретски ги раскажувавме, дека намален беше бројот на вежби и кратко траеа.
Зошто за одреден предмет на iknow ми вели дека не исполнувам услов да го запишам ? Дали треба да почекам да ги внесат потписите во систем или да внесам коментар ?
За кој предмет? Дали ти се исполнети условите, нема врска потписите, повеќето се во индекс, не се сите електронски, можи е грешка и во системот, ако исполнуваш услови ќе си напишиш коментар
Здравооо дали кога се преполагаат колоквиуми анатомија 1 во јануари досега ги давале истите тестови што биле претходно или сосема нови?
Концептот на прашања само е ист. Многу често ги менуваат тестовите, може да се каже секое полагање, а и доста групи имаат.
Дали 3 годишен смер на медицински во Скопје е подобар избор од општа во Штип или општа секогаш би бил подобар избор? Просперитетни ли се 3 годишните смерови? Уште размислувам, дали медицински, пмф или нешто друго во странство, прашувам за да ми помогнете да си донесам одлука.