Замараа баеги професорите по тој предмет, се мислат божем којзнае колку им е битен предметот, ама во глобала не е тешко, доволно е еднаш да ја прочиташ книгата и да издвоиш побитни информации од неа. Ги имаш во фотокопирница, купи си ги. Епа не може никоја од нас да ти помогне околу ова. Си се испаничила ко божем којзнае што да е во прашање, а коски ви се и најлесни (па поготово ако си од тригодишните студии, тие учат по неколку реченици за секоја коска, а не како на општа страни и страни за една обична клавикула). Учиш напамет, затоа уште утредента не можеш да се сетиш на ништо од предходниот ден. Раскажувај ги во тетратка, и сите побитни информации обојувај ги со одредена боја (пример мускули розово, артерии портокалово, нерви жолто, итн. - како што сакаш ти), за да можеш на тој начин да се присетуваш. Користи при учењето и атлас или вистинска коска (пластичните не ги бива) и додека учиш покажувај си ги работите на коската, така полесно ќе ги запомниш. И учи на глас, ем ќе учиш ем сама себе ќе се преслушуваш, и тоа многу помага.
За тригодишните студии (пошто сите што прашувавте сте од тие смерови )ниеден проф не се замара искрено, ради реда од што мора предаваат. Материјалите се лесни и испитите се писмено. Нема плус усни и практични како на општа, така да, се е поразлично од општа,џабе тука прашувате. Прашајте на факултет од постарите,сигурно има некои што преслушуваат предмети. Ние вака за вашите смерови не можеме да знаеме што и како бараат професорите. Критериумите не се исти.
Добро, можеби ќе се најде некој и овде од постарите, а и ние вака испаничени, бруцоши, прашуваме работи кои за вас можеби звучат смешно, ама секој поминал низ истото, сите вие некогаш сте биле бруцоши
Тоа да, али океј се прашањата ако доаѓате од гимназија бидејќи и не би можеле да ги знаете од претходно, така да нормални се А, за другото, тешко... овде ретко има од тригодишните, а општа не се многу активни освен ние две
Сега дури ме фати паника со карлицава другово некако научив успева ова со боењето, фала ти, иначе општа сум
Тука не е така, денес баш кажа професоркава. На завршниот испит дури прашања на дополнување ке имало @Artemisia Ivy Види како ти функционира мозокот, дали си визуелен тип, аудиторен и сл. Јас пр. сум визуелен тип така функционирам и конкретно анатомија до сега што поминав остеологија имам слики у мене а не текст. Не учам на памет, онака и од вежби како објаснуваа професорите и од слајдовите и од атласот, се ми е во слики пред мене и у мене. Ти може си испаничена само како ке се снајдеш и сл. Ама прашај се до сега како си ги поминувала материјалите у средно, и најди го најефикасниот начин за учење. Може пак ти полесно би запомнила кога некој ти раскажува, па земи од материјалот снимај се како си раскажуваш и пуштај ја снимката да ја слушаш. Има начини, само секој различно учи, ке си го најдеш и ти својот, без паника само.
Ни карлица не е ништо потешка. Ајде не се паничи толку, ти предложив начини на учење (јас учев така) и ќе видиш дека се ќе биде во ред, не е ништо страшно анатомија. Зошто смрт? Сите отстрана мислите така, ама едно е да не те влече како професија, а друго е да мислиш дека тука колат и бесат и е којзнае колку страшно.
па и не се запишувај ако немаш љубов кон медицина. каков сака нека е факултетов мене самата помисла на мојата идна професија ме возбудува, едвај чекам да почнам со пракса.
Јас колку што се сечаам од лани, имаше доста формули, и да ги напишеш и да ги препознаеш и да напишеш која е таа формула и што се одредува со неа. Имаше и прашања на дополнување и прашања на заокружување.
Девојки јас пак се изгубив во факултетов па имам неколку прашања, логопедија сум 1. Анатомија на почетокот немавме амфитеатар и ни држеа предавања во една просторија во институт анатомија каде немаше кај да се куцаме, бев 100% присутноста а ми пишувам дека само 38% присутност, кај тоа да го пријавам? Не сме ние криви што немавме кај да се куцаме. 2. Како е правилно да се откуцувам за да имам 100%? Кога ќе влезам и кога ќе заврши предавањето или само кога почнува предавањето? 3. Анатомија мн ме заплашува, тешко е премногу, каков е коловиумот? Премногу ли треба за една 6ка?? 4. Прочитав од вас дека Мед.етика биле прашањата од некоја фотокопирница? Кај се наоѓа таа точно и дали се вадат повисоки оцени кај овој професор? 5. Промоција на здравје кај една професорка со црвена коса и Дончо ми е ко да читам книга со празни листови. Се е нешто општо, нз на што да посочам внимание? Тежок ли е колоквиумот за овој предмет? 6. Следнава недела почнуваме со странски јазика а јас имам минимални познавања на англискиот јазик. Како поминуваат ваквите како мене на овој предмет? Многу ме заплашува факултетов. Се некако учам но како да не постигнувам. Лесно ли се завршува факултетот за логопедија? Има ли мн паѓања?
Врати се последниве 2-3 страни во темава наназад, имам пишано и каде се наоѓа фотокопирницата Жетвар, и како се полага етика, и како е по промоција на здравје (таа професорка со црвена коса која ја споменуваш е Ќосевска, баш неа ја имаме споменато и предходно) - плус тоа за промоција имам пишано искуство како е на општа, а вас сигурно дека нема да ве гњават ни приближно толку колку што не замараа нас. Исто и за анатомија како да учиш имам пишано неколку совети, освен тоа поинаку нема како да ти објаснам, а поготово што тригодишните студии немате ама баш ништо за учење анатомија, по неколку реченици сигурно дека можеш да ги научиш. За куцањето исто имам кажано, на почетокот на секој саат мора да се куцаш, значи и во 8, и во 9, и во 10, и во 11 и така се додека имаш предавања, инаку нормално дека нема да бидеш заведена иако си била присутна. Англиски, доколку учите како што се учи на општа, ќе учите некои основни поими на англиски, имињата на коските, органите и деловите од телото, како и некои симптоми и имиња на болести, не е тоа тешко, така што дури и да немаш предходни познавања, ќе можеш да седнеш и да ги набубаш тие поими.
Анатомија ми пишува дека првите денови не сум била дека немавме кај да се куцнеме и со 40% ќе земам ли потпис не ми се јасни работиве?
Каде што ви пишува во распоредот дека треба да имате предавања, во тој амфитеатар мора да се куцате, макар и на друго место да ги држите предавањата (иако не би требало на друго место да држите - во такви случаи прашајте си ги професорките што да правите за куцањето, за да не трчате ваму-таму). Инаку џабе одите на предавањата, ако не сте куцнати авоматски се смета дека не сте биле присутни. За да добиеш потпис мора да имаш 60% или повеќе присутност на предавања. И не се секирај, само две недели се пројдени, тие 40% ти се од овие две недели, понатаму гледај куцај се и до крај ќе имаш повеќе од 60%.