Исто да прашам дали е универзално тоа правило за сите катедри дека ако заокружиш погрешен одговор и после го смениш во точен не се признава и се бодува со 0 бодови? Од кога фигурира ова , па што ако сум се предомислил или сум ја воочил грешката. Ми нема логика точно решени прашања да се бодуваат со 0 бодови затоа што е преправано.
Ехеее да си има вакви катедри и мене ми се има случено на увид да ми речат дека 0 бода е заради тоа што сум корегирала иако е точно одговорено. За друг пат убаво размисли пред да заокружиш допишиш....
За жал таа е суровата реалност. Јас лично работев на пола работно време неповрзано со струката, бидејќи како шо кажа не е нормално мама и тато да ме издржуваат на 25 год и да немам ден работен стаж, плус живеам во друг град, плаќам кирија итн. Да не зборувам за тоа дека државниот испит кошта 35000 ден. Ситуацијата не е невоможна, но тешко дека нешто би се издејствувало оти по закон без лиценца не можиш да работиш во нашата струка, а за нешто како стипендија... гледаш каква е ситуацијата со студентските стипендии и ССО.
Да и си кратат бодови како им дојде , на есејското ти даваат 1 страна од лист пишуваш најклучни работи (што впрочем и самите го напоменуваат да не се задржуваш на есејот цел тест) а од 5 можни бодови за едно есејско немам сретнатно некој да ги добие сите 5. Значи колку и да имаш напишано пак ќе ти биде скратено не можам да ги сфатам ваквите професори дали толку им е мерак да ти пишат пониска оцена или што е работата. Се работи за катедра патологија... Искрено знам дека не се замараат со ТСС толку ама ако веќе не ти се читаат есеи или не ти се прегледуваат тестови може усно да биде за сите. Колеги што учеле ден пред испит добиваат солидни бодови а некој што темелно и длабински учел и ќе се подзбуни негде добива бодови за пролаз....не знам стварно тотално демотивирачки ми делуваат.
Нејќам да звучам сурово али welcome to the club. Сите сме поминале низ тоа, бодови и оценки истресени од ракав врз база на тоа каков му бил денот на професорот. Крај краева знаењето никој не може да ти го земе, а оценката не ти ја одредува вредноста
Ти верувам ама да, зависи од тој што прегледува, има некои сакаат копи пејст од книга што е лудо ама тоа е. Отиди си на увид, ништо не губиш.
За да запишам сега семестар дали може еден предмет иако ми е за презапишување да не го презапишам т.е. да остане за догодина?
На Клиниката за детски болести, во помалата зграда. Кога ќе влезиш лево по скалите, веднаш до канцеларијата на секретарката на катедрата.