Дали Биохемија 1 ако се откажеш од полагање една сесија, на пример сега јануарска, во јунска ќе бидеш кај истата професорка повторно, или прават прераспределба?
Дека никој не ми врати, па ако случајно и на друг некој го интересира да си пишам сама одговор. Одма враќаат индекс, немаше ич гужва и одма се завршуваше.
Искуства со биостатистика усен испит? Дали прашуваат од задачите од колоквиуми, или само теорија? Од каде е најдобро да се учи и колку време отприлика е потребно за да се спреми? Ви благодарам однапред на одговорите.
Здраво, сакам да прашам дали ако презапишеш сега еден предмет паѓаш во приватна квота? Ви благодарам.
zdravo,ajo moze nekoj da mi objasni sto treba za zaverka na semestar,dali mozam na 9 da prijavam leten semestar i da go zaveram zimskiot?
Ако го запишеш по трет пат предметот паѓаш во приватна, а не ако го ПРЕзапишеш по трет пат, има разлика тогаш значи 4ти пат го запишуваш
Може да ми кажете кои проф за физио 1 испит бараат така и од колоквиуми и што да повторам најглавно од колоквиум? Дали бараат детално од практикум во однос на мл, колку се пипетира и слично?
Дали за испит Радиологија доволни се презентациите? И како се одвива испитот, некој да сподели искуство. Благодарам
Презентациите за теорија се доволни, на испит бараат и слики да знаеш, така да, гледај слики на интернет + сниманите вежби од ас. Соња, најмногу се учи од нив, многу се добри. Мене конкретно, проф ми даде две прашања теорија од колоквиумите, ги одговорив, а потоа ми даде две ртг снимки, едната мислам беше улцеративен колитис, со тоа што не ми бараше проф дијагноза, туку да покажам каде е промената и да ја опишам.
Зависи кај кого се паднеш. Имам учено и од презентации и од книги. Кај некои професори не беше доволно од книги, бараа работи и од патологија (каков е и како се вика туморот на дојка да го препознаеш само по слика - буквално вакво ми беше прашањето). Полагањето е лотарија, затоа учи од повеќе извори.