Има некој што има платено казна затоа што нема потпис по одреден предмет? Слушнав дека треба казна од 1000 ден, вистина е? По која смисла, нели доволна казна е за нас што немаме можност да го полагаме предметот, уште нив да им дадеме пари?
Здраво да замолам за побрз одговор ако може, ако имате искуство, за физиологија 2 со комисиско полагање?
Некој искуство со право и јавно здравство изборниот предмет, и дали знаете дали ќе се одржи летниов семестар?
Има некој што има упишан семестар без тој семестралниот лист, што понекогаш го бараат. Гледам листот за упис и заверка го имам, ама тој семестралниот не ми го дале, кога ги купив. Дали прават проблем?
Meне лично, анатомија 2 ми беше многу полесна, и поинтересна од кецот, имаш убави слики за се, а и полесно се памти. Хемија не е тешко, левел тежина како во средно, ако почнеш со време да ја учиш, ќе положиш без проблем. Хисто 2 не знам што да ти кажам, ние онлајн полагавме и хаос беше, поинтересен е од кецот бидејќи се учат органи. Генетика е интересно и не е тешко, за две недели можеш цел испит да го спремиш топ.
Ве молам искуство за радиологија усно, некако многу материјал е и се ми е конфузно. Ви благодарам однапред
Пак ќе ја цитирам @Geek^^, ама навистина најдобро објасни за радиологија. Горе-долу вака е кај сите професори, некои повеќе на теорија се насочуваат, некои на слики.
Искуство некој со изборниот предмет Културолошки и структурни компетенции на здравствените работници?
Микро 2 прво во индекс треба да ти ја внесат оцената, па после во ајноу оцената или во ајноу брзо ги внесуваат без разлика? Ме интересира за да знам што оцена сум земал, да не ја ставаат прво во ајноу си викам, дека за земање во индекс оцени уште нема термини, ќе се изначекам.