Фала Патофиза 2 полагаше некој сесијава? Како беше, случаи бараат, теорија? Немаше испитни конкретно прашања како за пф1, дали цела вежба ви ја бараа и се поврзано со неа или како беше? Било какви искуства се добредојдени. Претпоставувам е слично со пф1 усното, но секогаш е добро да се слушне и некое плус искуство од некој што полагал.
Некој што полагал сега во последниве сесии медицинска хемија кај проф. Богданска, како што читав наназад повеќе прашувала за биохемија делот, дали уште се придржува на тоа или од се по нешто? Читав дека доста коректна професорка е, па ме интересираше како биле последните полагања кај неа
Ако еден предмет запишеш по трет пат или ако не освоиш најмалку 50% од запишаните кредити од претходниот летен, ако запишуваш летен или од претходниот зимски, ако запишуваш зимски.
Немам полагано баш во последните сесии, но можам да ти кажам дека професорката е навистина коректна, бара да ги имаш добро сфатено работите и да ги поврзиш, јас имав прашања и од двата дела. Најпрвен дава да се направи концепт, го чита истиот и потоа поставува кратки прашања или може нешто во врска со концептот, се на се мој совет ти е во концептот да пишуваш само добро сфатени работи, бидејќи препознава ако нешто не е добро разбрано и сигурно ќе те допраша. Моето искуство со професорката е навистина супер, а и на други колеги кои ги познавам, наградува знаење иако важи за построга професорка.
Истото би го напишала како мислењето над мене. Полагав пред неколку години кај неа. Премногу е коректна професорката, јас тогаш имав 1 прашање од делот од хемија и 3 прашања од делот за биохемија. Ако добро одговориш на прашањата дава високи оценки. Многу убаво ми беше полагањето кај неа.
Здраво, сакав да прашам дали предмети кои не се условни од летен семестар, а важеле до оваа јануарска сесија може да се запишат и другата година летен семестар?
Јас имав таква ситуација, вработената 2 пати ми кажа дека треба да се презапише, меѓутоа јас инсистирав дека ќе презапишам наредниов летен семестар, па после по трети пат, ми кажа ок, тогаш нека биде.
Чисто информативно, мене не ми кажаа да наплатам казна, или имаше многу гужва па заборавиле, или пак како ќе им е расположението.
Kolegi ako se prezapisuva predmet plus paganje kvota zaradi nemanje 50 posto krediti od prethoden semestar, dali vednas ovoj semestar treba po 400 den od kredit za predmetot ili 200?
Здраво , дали знае некој дали можам да не запишам семестар летен ако имам еден предмет за слушање од тој семестар притоа да си ги презапишам предметите кои ги немам положено ? Треба да запишам 6ти семестар ама само можам епидемиологија да слушам за друго немам фатено услов и некако не ми се плаќа цел семестар само за еден предмет ..
Мислам дека може, сум слушнала колеги дека така имаат направено. Сепак прашај во служба за најсигурно.
Ама нели, после кога ќе фатиш услов да ги слушаш сите предмети од 6-ти семестар, а претходно ако си имаш платено семестар, само за Епидемиологија, нема да треба да платиш повторно. Исто ти доаѓа, само можеби финансиски ги немаш тие пари сега, па до нареден упис можеш да ги собереш.
Можеш вака да направиш, а можеш и сега да платиш цела сума и да слушаш епидемиологија, па кога ќе фатиш услов, нема да платиш ништо за новите предмети, дека семестаров ќе ти е платен.
Искуства усен испит имунологија? Каков им њ принципот на испрашување? Дали бараат многу детално да се знае се, и дали за теоријата е доволна скриптата? На што да се обрне внимание за практичното и анализа на случаи? Благодарам однапред